Во текот на снежното невреме кое минатата недела го зафати Колорадо, бездомникот Шелби Хаџенс му помогнал на еден странец така што заедно го туркале автомобилот по нагорница.Целиот настан го снимиле локалните телевизиски станици кои се наоѓале на терен.
Видео-прилогот трогна многу гледачи, а една гледачка отворила страница за донации да му се помогне на Хаџенс. За пет дена, луѓето за него донирале повеќе од 8.000 долари. Освен тоа, еден од гледачите му платил и сместување во хотелска соба, а друг му понудил работа.
Шелби Хаџенс бил изненаден. Тој раскажал дека е бездомник уште од ноември минатата година, кога му изгорела куќата. Оттогаш, тој живее во неговиот автомобил, заедно со неговото куче.
Неговото добро дело би можело да значи и нов почеток за него.
Целиот настан го снимиле локалните телевизиски станици кои се наоѓале на терен.
Видео-прилогот трогна многу гледачи, а една гледачка отвори


