петок, 13 ноември 2026
Најново

Бекам повторно во Реал Мадрид по желба на Флорентино Перез

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Флорентино Перез е заинтересиран да го врати Бекам во Реал Мадрид, но овој пат во улога на амбасадор на клубот. 

Англичанецот мина 4 сезони на Сантијаго Бернабеу пред да потпише за Лос Анџелес Галакси во 2007 година, но, откако потврди дека ќе го напушти американскиот клуб по истекот на својот договор на крајот на оваа година, би можел повторно да добие улога во Реал. 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Некои велат дека ќе ја продолжи кариерата како играч, овој пат во Австралија, или дека ќе потпише за ПСЖ, а се појавија и гласини дека тој ќе се врати во Премиер лигата. Ваквите гласини се нормални за име како Бекам, но со оглед на одличниот однос што го има со Перез, како и очигледната добитна комбинација од најпознатиот клуб на светот и еден од маркетиншки најдобро експонираните фудбалери на сите времиња, можеби новата кариера која би ја понудил претседателот на кралскиот клуб би била особено примамлива за Бекам. 

Извори велат дека истата понуда му била дадена од Перез и минатата сезона, но Бекам одговорил дека сака да го исполни својот договор со Лос Анџелес Галакси. 

Поврзани вести