Видео: ОД ИГРАЧКА, ПЛАЧКА – 9-годишно девојче застрела инструктор!

Девет годишно девојче застрела инструктор со огнено оружје во САД откако загуби контрола врз автоматскиот пиштол Uzi. Инструкторот Чарлс Вака кој е поранешен војник и покажувал на малата неименувана девојка како се пука со моќното оружје на стрелиштето во пустината Мохаве.Со еден рафал што го испука девојчето, таа изгуби контрола врз автоматскиот пиштол, а еден од куршумите го погодил инструкторот во глава.
Полицијата објави видео од настанот и соопшти дека 39-годишниот инструктор настрадал од куршум и дека напорите на докторите за спасување на неговиот живот не вродиле со плод.
Неговите последни зборови што се слушаат на видеото се препораката девојчето да проба да пука во комплетно автоматски мод.
Девојчето било на одмор со своите родители во околината, а според сопственикот на стрелиштето, вообичаена практика е децата постари од 8-години да добијат дозвола за пукање под надзор на родителите и инструкторот.
Иако во Аризона е нелегално децата под 18 години да носат оружје, законот не се важи ако детето е на приватен имот или ако е под надзор од инструктор или родител.

Инцидентот очекувано ќе предизвика нов бран на критики кон културата на оружјето што владее во САД, и засилување на дебатата во која критичарите бараат построга контрола.
Роналд Скот, кој е експерт за безбедно ракување со огнено оружје за AP изјавил дека е апсурдно да му се даде Uzi на 9-годишно дете и да се очекува дека таа ќе може да го контролира.Со еден рафал што го испука девојчето, таа изгуби контрола врз автоматскиот пиштол, а еден од куршумите го погодил инструкторот во глава.
П

Пронајдете не на следниве мрежи: