Археолози влегле во гробница од времето на Александар Велики и откриле…

Грчкото министерство за култура денес соопштило дека археолозите делумно го истражиле ходникот на гробницата во Амфиполис…Грчкото министерство за култура денес соопштило дека археолозите делумно го истражиле ходникот на гробницата во Амфиполис и откриле мермерен ѕид зад кој се кријат уште една или две простории.
Дупката на украсениот ѕид и трагите од насилно влегување укажуваат дека гробницата одамна била ограбена. Гробницата потекнува од периодот меѓу 325 година пред нашата ера – две години пред смртта на Александар Велики – и 300 година пред нашата ера. Нејзиното откритие поттикна шпекулации за содржината, особено поради тоа што локацијата ја посети и грчкиот премиер Андонис Самарас.
Се шпекулира дека во неа се наоѓаат големо богатство или остатоците на големиот војсководец или на неговата сопруга Роксана или нивниот син Александар Четврти.
Александар Велики умрел во 323 година пред нашата ера, а бил погребен во Египет. Древниот Ампфиполис бил основан како атинска колонија во 437 година пред нашата ера, а Филип Македонски, таткото на Александар, го освоил во 357 година п.н.е.

Грчкото министерство за култура денес соопштило дека археолозите делумно го истражиле ходникот на гробницата во Амфиполис и откриле мермерен ѕид за

Пронајдете не на следниве мрежи: