Погледнете КАКВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ доби овој пар од пријателите!

Кога младенците се вратиле дома од медениот месец, ги чекало вистинско изненадување или подобро кажано – подметнување!Имено, внатрешноста на куќата била залепена со 14.000 ливчиња.
Џејми и Емили Пару ја отвориле влезната врата и со неверување гледале во илјадниците жолти, самолепливи ливчиња, кои го покривале приземјето од нивната куќа.
Нивните пријатели потрошиле 8 часа во „уредување“ на куќата на млaденците, кои за тоа време биле на меден месец во Италија.
Шегата не би била шега, доколку сето тоа не се сними и да се постави на Јутјуб. Видеото покажува како парот се смее и вели: „О, мој Боже“.

„Нашата дневна има стаклена врата, така што веднаш видовме што се случува, но доцна ја забележавме камерата“, велат тие.
Џејми и Емили се заедно веќе осум години, а се венчале на први август.
Тие на своите пријатели им го оставиле клучот од куќата, за да можат да ја хранат нивната мачка.
Погледнете го видеото:
Имено, внатрешноста на куќата била залепена со 14.000 ливчиња.
Џејми и Емили Пару ја отвориле влезната врата и со неверување гледале во илј

Пронајдете не на следниве мрежи: