И ОЛЕСНИЛЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Го снимиле своето бегство од затворот и го ставиле на Интернет

По копањето на тунел, 13 затвореници побегнале од затвор во бразилската држава Гојас. Своето бегство го снимиле со мобилен телефон и го објавиле на интернет.На снимката, која весникот Globo ја објавил на својата интернет страна, може да се видат тројца затвореници во тесен тунел кој го ископале од тоалетот во ќелијата.”Бегаме од овде. Крадецот копа како армадило и ќе успее во тоа”, вели еден од бегалците, кој притоа не може да престане да се смее.Тунелот води до градина, каде што затворениците го прескокнуваат ѕидот од затворот. Според соопштението на полицијата, на затворениците не им било тешко да го ископаат тунелот, бидејќи земјата под затворот е како песок.Управата на затворот започнала истрага за дознае дали станува збор за невнимание или соучество на чуварите.Според локалните медиуми, двајца од 13. бегалци се веќе уапсени, додека еден сам се предал на властите.
Погледнете го видеото…

 
На снимката, која весникот Globo ја објавил на својата интернет страна, може да се видат тројца затвореници во тесен тунел кој го ископал

Пронајдете не на следниве мрежи: