ВИДЕО: Поминал 21.000 километри да навива за Холандија во Бразил

Холандски навивач со својот камион поминал 21.000 километри за да го бодри својот национален тим на Мундијалот во Бразил.Бен Уде Кампхујс (53) своето патување го започнал на 15 јануари, а на пат до местот Праја до Форте поминал низ 12 земји-САД, Мексико, Гватемала, Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва, Костарика, Панама, до брод стигнал до Колумбија, а потоа поминал низ Еквадор и Перу и на крај стигнал во Бразил.
Сето ова во Шевролет 235 од 1995 година под името „Нели“.
„Помина 21 илјада километри со тој мотор-од Сан Франциско до тука и тоа без проблеми. Одев по планини, пустини, амазонска прашума, не ме изневери. Тој стар пик-ап и јас имаме посебна врска“, вели Кампхујс.
Бен живее во САД веќе 28 години, од кои последните 23 во Сан Франциско, а работи со деца со посебни потреби-вели дека токму тие му помогнале да го обои камионот.
Тој мисли дека Холандија ќе стане шампион, бидејќи вели мора да верувате во тоа и да имате такви амбиции. 
Бен Уде Кампхујс (53) своето патување го започнал на 15 јануари, а на пат до местот Праја до Форте поминал низ 12 земји-САД, Мексико, Гватемала, Ел

Пронајдете не на следниве мрежи: