Видео: Ангела Меркел повикана како џокер во квизот „Кој Сака да Биде Милионер“

Волфганг Босбан, сопартиец на германската канцеларка решил да побара помош од неа лично за прашање кое би му донело половина милион евра.Волфганг заглавил на прашањето кое гласело „Зошто машината за перење ВМ66 била толку популарна?“ а како одговори биле понудени:
А: Можела да произведе струја за греење
Б: Можела да се користи за готвење храна
Ц: Можела да се користи како правосмукалка
Д: Можела да праќа и прима сигнали од Западна Германија
Со оглед на тоа што е роден во Западна Германија, па имал голем проблем со прашањето. Решил да повика пријател на помош и рекол: „На кого да се јавам ако не на канцеларката?“

Меѓутоа, Меркел не се јавила на телефонот. Подоцна му пратила СМС порака, прашувајќи го шт се случува, но тој веќе си ги земал парите.
Публиката сепак не дозна дали Ангела Меркел го знаела одговорот на прашањето.
Волфганг заглавил на прашањето кое гласело „Зошто машината за перење ВМ66 била толку популарна?“ а како одговори биле понудени:

Пронајдете не на следниве мрежи: