Не е лесно да се биде обична жена, но не е лесно и да се биде жена на милијардер. И таа мака мачи со вишокот на килограми по породувањето, се бори со малото дете и се труди да опстане како деловна жена. Од обична девојка до жена на милијардер
Џенифер Стано Дејвид е мажена за 17 години постариот милијардер Алкивијадес Дејвид, наследник на компанијата „Кока – кола Хеленик“. Неговото богатство се проценува на 1.9 милијарди долари и сопственик е на бројни недвижнини, како и телевизиски и радио станици.
Ова е прв брак за неа, нему му е трет, а минатата година го добија и првото дете Никол.
Нејзиниот живот е остварување на сонот на многу девојки, а таа редовно го документира на својот блог на Инстаграм, каде ја следат скоро половина милион луѓе.
Џенифер решила да не биде типична жена на милијардер и да седи дома со скрстени раце, па решила да се здружи со уште една Инстаграм сензација – Лили Галичи, со која ја основала компанијата за производство на костими за капење „Have Faith Swimgerie“.
Поред бројните обврски околу компанијата таа стигнува редовно да вежба, некогаш и по два пати дневно, дса патува да се грижи за синот, да се бори со вишокот на килограми по породувањето, да го средува својот блог и да става видеа на својот Јутуб канал.
Погледнете едно од нив:
Од обична девојка до жена на милијардер
Џенифер Стано Дејвид е мажена за 17 години постариот милијардер Алкивијадес Дејвид