Видео: Девојка си создала дечко за кој вели дека е подобар отколку вистински

Холандската уметница Нортје де Кеијзер си исплела човек во вистинска големина како дел од нејзиниот дипломски труд за Факултетот за дизајн.
“Го создадов Артур, бидејќи чувствував дека е време да имам човек во мојот живот”, вели таа. “Би рекла дека тоа е шега, но има и некоја вистина во сево ова. 'Секогаш сум била заинтересирани за осаменост. Се почувствував многу осамена и сигурна сум дека сите ние се чувствуваме осамени на моменти.”
“Чудно е што се чини дека никој не зборува за тоа. Како да е тоа нешто од што треба да се срамиме, лошо чувство кое треба да се избегнува.”
Таа во текот на проектот направи книга полни со причини зошто сплетениот дечко е подобар од реалниот, како  “Ние спиеме заедно”, “Заедно гледаме во ѕвездите”, “И се допаѓа на мојата мачка”, и завршува со “Никогаш нема да ме остави.”
Како дел од својот проект, снимено е и ова неверојатно убаво кратко видео кое ќе ви го допре срцето.
Холандската уметница Нортје де Кеијзер си исплела човек во вистинска големина како дел од нејзиниот дипломски труд за

Пронајдете не на следниве мрежи: