Војникот Џес Нот во една емисија изјави дека на воената база во Авганистан го нашол својот омилен пријател и сопатник, кој во најтешките моменти го спасил од тешка депресија.
Тоа е мачорот кои трчкал низ базата се додека Нот не го зеде под своја закрила кога на животното забележал знаци на злоставување. Со помош на месо го намамил во неговата канцеларија и го чувал таму додека не закрепнал, и покрај фактот што на армијата не и е дозволено да има домашни миленици.
Во меѓувреме, мачорот го крстил Кошка. Во најлошите моменти на војната, ова животно буквално го извлекло војникот од тешка депресија. Всушност, за време на еден од нападите двајца од неговите пријатели биле убиени во војната.
– Почнав да тонам во длабока депресија, и Кошка едноставно почна се повеќе да се обвиткува и да си игра со мене. Не дозволуваваше да потонам и постојано ме потсетуваше дека треба да се грижам за него – објасни војникот.
Кога требало да се врати во Америка, Нот одлучил да го поведе и неговиот мачор, и покрај тоа што било многу ризично. Сепак, локалниот преведувач му понудил помош да го пренесат мачорот преку Кабул.
Проблемот бил во тоа што локалното население на овие животни гледа само како на ловци на глувци, а бидејќи мачорот имал синџирче околу вратот, сигурно би знаеле дека ова е миленик на некој Американец.Војникот Џес Нот во една емисија изјави дека на воената база во Авганистан го нашол својот омилен пријател и сопатник,