Две кола се одиграни од почетокот на новата сезона во Бундеслигата, каде според прогнозите за титулата ќе се борат актуелниот шампион Борусија Дортмунд и минхенски Баерн.
Иако сезоната е на самиот почеток, претседателот на Баерн, Ули Хенес ја започна вербалната војна, со изјавата дека Борусија е клуб кој има само регионална поддршка.
„Баерн е глобален играч, додека Борусија е ликална, регионална екипа. Тие никогаш нема да ги повторат успесите кои ниеги постигнавме во изминатите 30 години. Можеби ќе не неадминат со популарноста доколку 10 пати по ред ја освојат шампионската титула“, ја пренесуваат изјавата на Хенес германските медиуми.
Баерн, во првиот сезонски дуел ја совлада Борусија, со победата од 2:1 во Суперкупот, Баварците ја прекинаа серијата од пет порази против екипата од Дортмунд.
Главна цел на фудбалскиот гигант од Баварска во наредниот период ќе биде освојување на пазарот во Азија.
„Доколку се шетате по улиците на Пекинг и прашате случаен минувач да ви каже име на еден германски клуб, секако дека тој ќе рече Баерн, а не Дортмунд“, самоуверено изјавува Хенес.
Првиот првенствен дуел во Бундеслигата, оваа сезона, Баерн и Борусија ќе го одиграат на 1. декември во Минхен.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: