Интервју со кандидатот за пратеник во ИЕ4, Лашкоска Ане за Пулс24: ВМРО-ДПМНЕ, иднината ја темели на младитеПрашање ПУЛС24: Што нуди Вашата Изборна Програма со која очекувате да ги добиете гласовите на избирачите?
Лашкоска: Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за проверена опција, глас за луѓе од народот, за реализација на ветеното, за исполнување на дадениот збор. Со програмата се обврзуваме, по дадената доверба од граѓаните на 11 декември, да работиме напорно, макотрпно и посветено за напредок и за подобар живот на сите граѓани во Македонија.
Нашата Изборна Програма, исто како и сите претходни програми со кои сме ја побарале и благодарение на кои сме ја добиле довербата од граѓаните, е детална, сеопфатна со прецизни рокови, со проекти кои ќе обезбедат сигурност, безбедност и нова подобра иднина за Македонија. Програма која ќе реши многу проблеми на граѓаните. Дел од програмата „Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок“ се проекти за повисоки плати, повисоки пензии, 600 милиони евра за земјоделски субвенции, нови автопатишта, пруги и нови енергетски капацитети, поголема финансиска поддршка за компаниите, како и многу поволности за започнување на бизнис и намалување на невработеноста. Со еден збор програмата „Реално 2017-2020“ е програма на просперитет и на 11 декември граѓаните, ќе гласаат за проектите кои ВМРО ДПМНЕ и во изминатиот период успешно ги реализираше, а со конкретни рокови планира и во наредните четири години да ги реализира сите проекти кои се наведени во неа. Тоа се проекти кои се предлози на граѓаните на Македонија.
Прашање ПУЛС24: Често сте на терен меѓу граѓаните, што најчесто споделуваат со Вас?
Лашкоска: Граѓаните се отворени и секогаш ги споделуваат своите барањата и проблеми. Разговараме за проекти кои се поврзани со нивните урбани или месни заедници,потребата за отворање на нови работни места, развојот на економијата итн. Благодарение на добрата соработка со граѓаните, нивното укажување на одредени проблеми во нивниот секојдневен живот и успеавме да реализираме голем број на проекти успешно.
ПрашањеПУЛС24: Најавувате нови работни места во идина, но и покачување на платите, во следен четири годишен мандат. Кажете ни нешто повеќе за ова?
Лашкоска: Според програмата, во наредните четири години, предвиден е раст на македонската економија од 3 до 4,5 отсто, а невработеноста до 2020 година треба да падне на историски најниски 17-18 проценти, при што е предвидено за четири години да се отворат 70.000 нови работни места, платите во јавната администрација да се зголемат за 10,25 проценти и тоа по 5 отсто во јануари 2017 година и јануари 2020 година. Во програмата е најавено и зголемување на минималната плата на 14.000 денари до 2020 година, без ризик за отпуштања.
Меѓу проектите кои се најавени, а ги најави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Г-дин Никола Груевски на неодамнешниот собир, најавени се и отварање на истражувачко развојни центри во ТИРЗ зоните или надвор од нив, а сите кои што ќе отворат истражувачки центар ќе добијат бенефиции и финансиска поддршка од државата. Меѓу проектите предвидени во програмата се и веќе промовираниот проект “Од Град во село за нов почеток“ каде граѓаните кои што ќе се вратат во селата ќе добијат големи стимулации и поволности од државата, како и отварање нови рудници, нови енергетски капацитети и завршување на изградбата на примарната гасификација во целата држава до 2020 година.
И она на што ќе продолжиме да работиме во Прилеп исто акко и во изминативе години – создавање на поволни услови за инвестирање како на домашните, така и на странските компании.
Прашање ПУЛС24: Прилеп е земјоделски крај, какви мерки предвидувате за подобрување на земјоделието?
Лашкоска: Прилеп е град во кој живеат вредни луѓе. Горди земјоделци, сточари, горди и вредни тутунопроизводители кои за прв пат добија субвенции со Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ. Вкупно над 25 милиони евра годишни субвенции се исплатени на земјоделците, а на ниво на општина исплатени се преку 100 милиони евра. Со уште посилна поддршка на земјоделството и руралниот развој продолжуваме и во наредниот период.Во наредните години се предвидени вкупно 600 милиони евра за субвенции за земјоделците. Македонските земјоделци ќе добијат поддршка од државата во висина од 80 проценти од трошоците за вградување системи „капка по капка“ и за набавка на високоприносен добиток. Ќе ја зголемиме и поддршката од 50 на 60 отсто за набавка на трактори, механизација и подигање насади. Во новата програма со грантови од 10.000 евра ќе се поддржуваат младите земјоделци до 40 години, дополнително за млад земјоделец носител на семејно земјоделско стопанство ќе бидат обезбедени за 10 проценти повисоки директни плаќања во однос на останатите категории корисници, а развојните проекти кои се поднесуваат за програмите за рурален развој и ИПАРД од страна на земјоделци помлади од 40 години ќе бидат привилегирани во процесот на рангирање при изборот. Исто така земјоделците ќе бидат поддржани во спроведувањето на агро хемиски или педолошки анализи со покривање на 70 проценти од трошоците за анализа на почвата или до максимални 9.000 денари. Сакам да го потенцирам проектот за продолжувањето на значителната финансиска поддршка од 60 проценти од трошоците за осигурување на земјоделското производство, субвенции од 6.000 денари по хектар за подигнување насади со брзорастечки плантажни дрвја.
Прашање ПУЛС24: Младите се идината на државата. Што предвидувате за да ја добиете нивната поддршка?
Лашкоска: Младите се нашата иднина! Младите се иднината на Македонија! Во програмата „Реално 2017-2020“ ветуваме вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии, од секоја учебна година, стоте најдобри кои ќе дипломираат на државните универзитети во Македонија ќе бидат вработени во јавната администрација и акционерски друштва, ќе се обезбедат стипендии на средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада, продолжуваме со проектот – бесплатен железнички викенд за млади до 27 години секоја прва и трета недела од месецот, бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици за млади до 29 години, во петте државни студентски домови, започнавме со изградба на фитнес зони во 18 градови низ Р. Македонија меѓу кои и градот Прилеп . Во следниот период ќе продолжи реализацијата на проектот „Купи куќа за млади” кој ќе овозможи лицата до и со наполнети 35 години, да се стекнат со сопствен дом преку субвенционирање на отплатата на станбен кредит. Младите ќе може да изберат еден од двата модели на добивање на неповратни средства за изградба и купување на нова куќа или надградба/доградба на постојната куќа.
Предвидена е и мерка за вработување на студенти од државните и приватните универзитети на четири часовно работно време, без истите да го загубат статусот на редовен студент. Оваа мерка предвидува ослободување од плаќање задолжителни социјални придонеси и персонален данок на доход за компаниите кои ќе вработат студенти во период од 1 година.
Со програмата за самовработување со кредитирање на млади лица до 29 години што сакаат да се самовработат,ќе им се обезбеди можностна младите за подигање кредит во износ од 7.000 евра со грејс период од 18 месеци и период на враќање од 66 месеци. Оваа можност ќе може да ја искористи носителот на претпријатието, а за секој нов вработен ќе може да добие дополнителни 4.000 евра, до максимум 5 вработени.
ВМРО-ДПМНЕ, иднината ја темели на младите!
ПрашањеПУЛС24: Досега имавте многу мерки и проекти наменети за пензионерите. Што предвидува новата програма “Реално“ за нив?
Лашкоска: ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се грижи за подобрувањето на стандардот на граѓаните, особено на стандардот на пензионерите. И во наредниот временски период предвидуваме определени мерки кои ќе имаат за цел да го подобрат животниот стандрад на пензионерите и да им се обезбедат низа поволности со што ќе овозможиме подолг животен век на оваа популација. Зголемување на пензиите за 10,25 проценти во следниот четиригодишен период и тоа 5 проценти во септември 2018 година и септември 2020 година. Продолжување на проектот „За бесплатна бањско-климатска рекреација“ со која ќе бидат опфатени 22.000 пензионери и бесплатен туристички викенд за 12.000 пензионери. Пензионерите ќе добијат можност и за попуст при набавката на производи во определени маркети, како и можноста за набавка на стоки и услуги од широката потрошувачка на рати. Исто така, ќе продолжи и проектот за бесплатен превоз во железничкиот сообраќај, бесплатен превоз во градскиот сообраќај за корисниците на пензии. Владата во соработка со единиците на локалната самоуправа ќе реализира и други проекти со цел континуирано подобрување на животот на пензионерите. Тука е изградбата на приватни домови за стари лица, државен дом за старите лица кој го најавивме и секако, отворањето на повеќе дневни центри за пензионери каде тие ќе може да се дружат и да го поминуваат своето време.
Со цел за подобрување на условите за живеење и престој на старите лица во установите за социјална заштита во наредниот период ќе се изврши реновирање на Домот за стари лица „Киро Крстевски – Платник“ – Прилеп, а исто така во 2017-та во Прилеп ќе биде отворен и Дневен центар за стари лица.
Прашање ПУЛС24: Во делот на развој на културата што се предвидува во новата Програма?
Лашкоска: Ние, во нашата нова програма наречена „Реално 2017-2020“ предвидовме изградба на нов театар во Прилеп. Прилепскиот театар има прекрасна театарска екипа која неколку години со ред нижи бројни успеси и заслужува да работи во еден современ театар. А и Прилеп како театарски град го заслужува овој објект. Планираме и темелна реконструкција на Домот на културата, тој во некои делови веќе е реконструиран, но сега ќе се направи една темелна и сеопфатна реконструкција, реконструкција на старата градска чаршија. Ќе продолжиме со изградбата на опожарените конаци од манастирот Трескавец, реставрација на црквата „Пресвета Богородица“ од овој манастир, реставрација на црквата во манастирот СВ.Никола Мариово и голем број на други проекти.
Прашање ПУЛС24: Кога не сте на митнизи, како го трошите Вашето слободно време?
Лашкоска: Во пред изборен период слободно можам да одговорам дека слободно време воопшто и немам. Ако немаме митинзи, тогаш времето го користам за средби со граѓаните, презентација на нашата програма и сигурно разговори со нив со цел да добиеме сугестии, критики итн. како би го подобриле нашето работење во иднина.
Прашање ПУЛС24: Кој е вашиот мотив да се занимавате со политика?
Лашкоска: Во политиката веќе сум многу години. Мотивот да се занимавам со политика…пред се искрената љубов кон ВМРО – ДПМНЕ која е всадена во мене уште од мали години благодарение на мојот дедо и сигурно љубовта кон Македонија. А кога веќе почнав да се занимавам со политика, мојот мотив е Прилеп и Македонија да бидат подобро место за живеење на сите граѓани. Благодарение на политичката партија на која припаѓам и соработката со граѓаните реализирани се голем број на проекти во изминативе години на владеење на ВМРО – ДПМНЕ, а со несмален интензитет ќе работиме и во идниот период.
Прашање ПУЛС24: Што би им порачале на гласачите во пресрет на изборите?
Лашкоска: Овие парламентарни избори се историски избори за Македонија, за секој од нас! ВМРО – ДПМНЕ во изминатиов период покажа дека е партија која стои на дадениот збор. Дека ветените проекти ги реализира. Дека се грижи за државата. Не смееме да дозволиме петтоколонашите, кодошите, тие кои ни велат дека треба да ја свиткаме кичмата да ни ја раскрчмат државата.Македонскиот народ не е дрво без корен. Македонија е библиска земја!
На овие избори треба, како што би рекол Петре Темелкоски, да се обединиме на македонски! Да се обединиме затоа што тоа е важно за секој од нас! Тоа е важно за Македонија која мора да оди напред!Прашање ПУЛС24: Што нуди Вашата Изборна Програма со која очекувате да ги добиете гласовите на избирачите?