Џонатан Јаром е спортски лекар, медицински директор на MEDIX, центар за спортска медицина во Олимпискиот комплекс во Тел Авив и поранешен член на Националниот Олимписки Комитет. Д-р Јаром работи со луѓе кои се активни во спортот – од светски шампиони до викенд спортисти и аматерски атлетичари – и е вклучен во превентивната медицина преку физичка активност и здравје. Од 1993 година, Џонатан Јаром е докторот на Израелската тениска федерација и член на Одборот. Тој, исто така бил медицински директор на фудбалскиот клуб Макаби од Тел Авив, а во моментов е претседател на Израелската велосипедска федерација. Јаром учествува во повеќе спортски федерации и владини комисии кои се занимаваат со спорт, и е Претседател на медицинската комисија на Израелскиот параолимписки тим. Често предавал на универзитети и има објавено бројни трудови од областа на спортската медицина. За време на викендот престојуваше во Скопје, одржувајќи предавање пред македонските Herbalife независни членови за придобивките од здравата исхрана и активниот животен стил. Ние имаваме уникатна можност да разговараме со него како да се воспостават и одржуваат навики и рутини за здрав и активен живот.
П: Според Вашето резиме, сте работеле со луѓе активни во спортот генерално – од светски шампиони до аматерски спортисти, што му е потребно на човечкото тело за постигнување на врвни резултати?
Д-р Џонатан Јаром: Работејќи со професионални атлети, со спортисти, со неверојатни спортисти со посебни потреби, како и со викенд спортисти во текот на многу години, научив дека човечкото тело е способно за постигнување исклучителни резултати и за надградување над сите очекувања. Со цел да се постигнат тие резултати, човечкото тело има потреба од силна волја, мотивација и енергија во форма на храна – односно важноста на самата исхрана! Потребно е на нашето тело да му ја дадеме потребната количина хранливи материи – витамини, минерали, протеини, масти, јаглехидрати, растителни влакна и вода. Одржување здраво тело значи да се биде активен и да се има редовен и испланиран режим за вежбање. Ваков начин на живот, не само што ќе ве направи еластични, помлади и активни, но, исто така, ќе го спречи негативното влијание од стресот на модерното живеење. Постигнување одлични резултати во секојдневниот живот не е само трчање побрзо, скокање повисоко – тоа значи да се има и оптимистичен став кон животот кој за возврат ќе ви помогне да бидете поздрави и можеби дури и посреќни. Така што, тајната за добриот живот е во балансирана и систематска исхрана, редовно испланирана физичка активност и позитивен пристап кон животот, на секое ниво!
П: Постои ли некоја значајна разлика помеѓу исхраната за професионалните спортисти и обичните практикувачи на некоја спортска активност, трчање, возење велосипед …?
Д-р Џонатан Јаром: Не. Фактите говорат дека секој има потреба од балансирана, квалитетна исхрана. Дури и ако имате распоред за вежбање којшто секојдневно го следите, невозможно е да се одржи оптимално здравје без да се земе предвид типот на исхрана со којашто го одржувате вашето тело.
Затоа, многу е важно за обичните луѓе да знаат дека балансот меѓу добрата исхрана и активниот начин на живот, е и тајната за здрав и долг живот. Разликата помеѓу исхраната за професионалните спортисти и аматерите или рекреативците во слободно време, е само во количината и времето на земање оброци, како и во часовите за вежбање, а не во квалитетот. Вежбањето ќе го изгради телото, кое понатаму треба да биде дополнето со исхрана на редовни интервали. Дефинирањето на телото значи да се има посилна мускулеста маса и поефективен аеробен систем, а со тоа подобра отпорност на замор и зголемување на тежината. Компанијата Хербалајф има производи кои им помагаат на професионалните спортисти да ги постигнат нивните исклучителни резултати, но и на обичните луѓе и рекреативните спортисти да воспостават поздрав начин на живот, со поквалитетна храна и редовна физичка активност.
П: Денес се повеќе луѓе практикуваат здрав и активен начин на живот, каква исхрана и додатоци во исхраната треба да користат и како да ги изберат адекватните продукти?
Д-р Џонатан Јаром: Клучен начин за да се остане здрав е комбинацијата на дневни вежби и балансирана исхрана. Многу е важно здравјето да се регулира преку физичка активност и со вежбање скоро секој ден. Со тоа, и професионалните и рекреативните спортисти исто така се обврзуваат на редовна и балансирана исхрана. Ова значи дека имаат потреба од внесување во исхраната правилна количина витамини, минерали и фитонутритиенти. Најдобро е потребните хранливи состојки да се апсорбираат од храната, но тоа не секогаш е возможно. Недоволното внесување свежа и разнообразна храна, како и времето за приготвување се клучните фактори за развој на недостатоци, што на подолг рок може да доведат до слабости и болести. Користењето суплементи (додатоци во исхраната) е со цел да се надополнат овие недостатоци и да се спречат овие закани. Мора да запомниме дека повеќе не е подобро, но помалку е полошо. Употребата на суплементи во разумна количина и со навистина голем квалитет се препорачува кога постои сомнеж од неадекватна исхрана или пак во случај на поголема потреба, како во случаи на редовни вежбачи или високо профилирани професионални атлети. Изборот на суплементи е исклучително многу важен, исто како и произведувачот, со оглед на тоа што производот треба да биде биолошки исправен, чист и секако во точни количини. Ова значи дека контролата на квалитетот е многу важна и не многу компании инвестираат во овие скапи лабораториски испитувања (тестирања). Хербалајф е компанија што нуди највисока контрола на квалитетот, со политика на контрола на квалитет која почнува од семињата па се до храната, па преку најстрогата линија за производство и завршувајќи со тестирање на секоја серија производи пуштени на пазарот.
П: Што би бил Вашиот совет за одржување активно тело и воспоставување здрав животен стил?
Д-р Џонатан Јаром: Да се живее здрав живот може да биде една од најкомплицираните задачи во животот, и не е само во дисциплината, туку исто така е и во начинот на избегнување на сите таканаречени вкусни задоволства коишто ги нуди животот. Како резултат на многуте искушенија на коишто што мораме да им одолееме, нашата желба да се чувствуваме и изгледаме убаво е борба на дневна основа. Но, ако излеземе од оваа комфорна зона и погледнеме околу нас, ќе можеме да видиме дека е возможно да уживаме во здравиот живот. Треба да разбереме дека влегуваме во различен начин на живот, а не само во некој времена промена. Треба да си кажеме себеси дека сакаме и можеме да го направиме тоа и потоа да ги поставиме нашите лични цели. Постигнување на сопствените цели е многу комплицирано прашање и многу е напишано на оваа тема од страна на бројни автори и научници. Да се има личен тренер, да се вежба во друштво или да се приклучите на некоја група, се едни од најдобрите идеи. Поставување умерен режим на тренирање во почетокот и напредување во мали чекори – 10% зголемување на интензитетот и должината, различни активности, тренирање на силата за да се овозможат подобри телесни функции и превенција од повреди и комбинирање со правилна исхрана, се клучни за подготовка на вашето тело за новиот ритам. Имајте здрав појадок, богат со сите потребни хранливи состојки, поделете ги оброци во мали количини во текот на денот и вежбајте како вашиот живот да зависи од тоа, со позитивен став и дајте сè од себе, тоа е веројатно клучот за долгорочен здрав и активен животен стил.
П: Според Вашето резиме, сте работеле со луѓе активни во спортот генерално – од светски шампиони до аматерски спортисти, што му е п