Интервју со Жарко Караџоски, директор на ЈП „Македонски шуми“ПРОИЗВОДСТВОТО ЗА РАЗЛИКА ОД ЛАНИ Е ЗГОЛЕМЕНО ЗА 160 ДО 170 ПРОЦЕНТИ, ИЛИ ИЗРАЗЕНО ВО БРОЈКИ НИЕ ИМАМЕ ПРОИЗВЕДЕНО ПРЕКУ 230.000 МЕТРИ КУБНИ ЗАКЛУЧНО СО МЕСЕЦ МАЈ.
„Значи со една реченица сето тоа го работевме плански за да имаме и планско производство. Морам да кажам дека интересот по тој јавен повик беше доста висок. Во одредени реони беше повеќе од очекуваното, конкретно во прилепскиот регион каде што во однос на лани имаше повеќе 30% апликации за разлика од лани. Тоа значи и една сериозна обврска и сето тоа не натера да направиме план за да можеме да ги задоволиме сите тие кои аплицирале и сите тие кои подоцна ќе аплицираат. Друг показател за сето ова е и тоа што заклучно со месец мај производството за разлика од лани ние зголемено за 160 до 170 проценти. Или изразено во бројки ние имаме произведено преку 230.000 метри кубни заклучно со месец мај. Ако тоа го споредиме со лани толкава колиичина во 2015 ние имавме во месец август. Што значи сме подготвени и имаме доволно залихи. Започнавме и со дистрибуција така како што луѓето склучиле договор и пратејќи го тој процес на ниво на држава засега одиме според планот. И сме оптимисти дека во најголема мера заклучно со октомври ние ќе ги завршиме сите обврски кои ги имаме по договорот. Но нема и да запреме тука затоа што постојано секој ден се вршат уплати, луѓето се заинтересирани и ќе гледаме на сите нив да им излеземе во пресрет. Сакам да напоменам дека пазарот со огревно дрво не го сочинува само Македонски Шуми туку на пазарот се присутнии други приватни складови кои исто така го снабдуваат населението и тоа може да се примети и дека и тие се доволно снабдени. А доказ за таа снабденост со дрва показател е и самата цена. Генерално цената во Македонија на огревното дрво е иста како и во претходните години, значи кај нас е истата цена константно 2.450 денари со 2.380 денари, плус превоз до дома. Во приватните складови максимално таа се движи до 3.200 денари, што се цени исти со години наназад, со исклучок на минатата година. Самата цена покажува дека за да таа биде така стабилна дека има доволно количина на дрва“, истакна Жарко Карраџоски, директор на ЈП „Македонску Шуми“.
ЈП Македонски шуми 2015-та година, во однос на 2014-та ја завршило поуспешно и во материјална и финансиска смисла. Се произвеле повеќе 100.000 метри кубни на дрва, а по завршната сметка биле во добивка од 82 милиони денари. А во исто време успешно биле наплатени сиите обврски спрема добавувачите, и немало доцнење на плати како во минатото. Исто така се размислувало започнувањето на нови еко проекти како оној на искористување на биомасата од шумите и производството на пелети.
ЌЕ ЗАПОЧНЕМЕ СО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА БИО МАСАТА ОД ШУМИТЕ И ПРОИЗВОДСТВО НА ПЕЛЕТИ. ПЕЛЕТИТЕ ЗА РАЗЛИКА ОД ДРВАТА ОД 9 ДО 12 ПАТИ ПОМАЛКУ ЈА ЗАГАДУВААТ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.
„2016 година ја започнавме со повеќе новини, како што е начинот на гтранспарентност на продажбата, кај нас техничкото дрво се продава со јавен повик транспарентно, учествуваат сите кои се заинтересирани. Нормално се одлучува врз основа на самата понуда. Исто така голем дел на одредена дрвна маса каде има голем интерес оди на јавно наддавање. Таму каде што е огревното дрво во прашање отидовме со јавен повик до граѓаните каде што врз основа на апликации ги правиме тие договори со нив, ги даваме условите кои се движат некаде до 8 рати за плаќање. Има доста новини и во начинот на стопанисување, МШ се повеќе се ориентира не само кон огревно и техничко дрво, туку и еден од покрупните проекти кои треба да следи е да во шумата се започне да се стопанисува по пат на обновливи извори на енергија. Да се користи био масата за да се создаде енергија, па се до фаза на производство на пелети, она што го објави Владата. Таа мерка треба да се применува од оваа година, па се од 2017 година и во рок од 4 години натаму што повеќе пелетите бидат застапени на пазарот. Така ќе има и субвенционирање и намалување на стапки на данок тоа ќе биде стимулатиивно но што бис е постигнало со тоа ? Од една страна можеби ќе се добие цена која ќе биде еднаква на цената на огревното дрво, но ќе се добие пелет кој ќе има поголема енергетска вредност од дрвото и од 9 до 12 пати помалку ќе ја загадува околината отколку греењето со дрва. Со производството на пелети се чисти и самата шума и се создава простор за растење на нови квалитетни дрва. Тоа треба да среди со една законска регулатива. Ние сме сега во фаза на правење на една национална стратегија на ниво на МШ, потоа следи еден проектен план за да дојдеме до тоа како и колку ќе чини и како ќе функционира сето тоа“, додава Караџоски.
Според Караџоски, МШ немало намера да биде доминантна компанија или да воспостави монопол во производството на тие пелети туку во план било да се стимулираат и други приватни компании за да влезат во овој бизнис за да греењето на пелетии во идинина што е можно повеќе би го заменило греењето на дрва. Во однос на дрвокрадството Караџоски рече дека годинава тоа било малку зголемено во однос на лани.
„Дрвокрадството за разлика од лани бележи некој пораст, што морам да кажам дека најмногу тоа се должи на политичката и бегалската криза, каде голем дел на безбедносните сили или полицијата се ангажирани на повеќе места што тоа предизвикува да ги стимулира дрвокрадците да одат во шумите. Но факт е дека акцијата „Гора“ трае и таа ќе трае и понатаму. Ние веќе ја формииравме нашата ловошумарска служба и тие делуваат на теренот. Ние одржуваме контакти со сите институции за да се прават што поголеми акции и да има што поголема контрола на теренот“, вели Караџоски.
Планирано било во блиска иднина преку МШ во Македонија да влезат и заингтересирани турски бизнисмении од овој ресор. Лани една турска компанија отвори погон во Куманово, во старат пилана на МШ, а во иднина, освен пилана, планирале да се прошируваат и во други ресори од дрвната индустрија. Македонски шуми веќе оствариле контакти и со друга турска компанија која сакала дел од своите капацитети кои ги има во Романија, Бугарија и други држави на ЕУ да ги дислоцира во Македонија.
ТУРСКА КОМПАНИЈА САКА ДА ИНВЕСТИРА ВО ПРИЛЕП И ДА ОТВОРИ ПОВЕЌЕ ПОГОНИ ЗА ОБРАБОТКА НА ДРВО
„Зошто во Македонија ? Затоа што според нив Македонија има добра бизнис клима со овие мерки на Владата кои се најавуваат. И на некој начин Македонија му е поблиска како држава. Нивната желба е да инвестираат доста, во самиот разговор беа спремни за оваа година да инвестираат 10 милиони евра. Но тоа зависеше се од нас дали може толку да им одговориме со репроматеријал. Ние склучивме меморандум за соработка, а во исто време и рамковен договор, кој го склучивме на 5 години за деовна соработка и веќе започнавем со работа. Во овој момент тие отворија еден капацитет во околиината на Гостивар кој започна да работи, но тоа е привремено решение. Еден од плановите им е да отворат голема фабрика. Јас еве како локал патриот ги донесов во Прилеп, тие го разгледаа градот, иим се допадна, бевме и кај градоначалникот за да видиме каде и какво земјиште има слободно за да купат. Од се што разгледавме нив им се допаднаа три локации. Едната локација е старата железна конструкција од Металец и целата таа површина. Тоа за нас прилепчани би било одлично. Вториот објект е маркетот на Туш кај Могилата кај хотел Салида, тука сакаат да отворат салон за мебел, затоа што произведуваат и мебел. И трета варијанта беше во просторот на Црн бор да земат земјишпте. Сериозно се заинтересирани за инвестирање во Прилеп, планираат тука да започнат со примарно производство, па се до финален производ. Тоа значи би било и пиланата, и паркетара, и производство на плочи од иверица, и пелети, се зависи колку капацитети би отвориле. Секако тоа нема да биде за една година туку со одреден бизнис план. Не кажаа бројка на вработувања, но нас ние битно да ги привлечеме затоа што колку има повеќе инвестиции толку и повеќе ќе има вработувања“, исткан Караџоски.
Турците биле во интезивни преговори со МШ, а една од пречките кои се разглчедувале да бидат отстранети било тоа што земјиштето во кругот на Црн бор во Прилеп се уште не се водело како индустриска зона и земјиштето било 10 евра од метар квадратен, а додека пак доколку би се сменил ДУП-от тоа земјиште да биде индустриска зона цената би била 1 евро од метар квадратен, а со тоа би станало и поприливлечно за инвестирорите. Веќе купиле и отвориле свои помали погони во Гостивар И Кочани. Од МШ се надеваат дека третиот погојн наскоро ќе биде отворен во Прилеп.
ИЗВОР : ХДТВ МЕГАПРОИЗВОДСТВОТО ЗА РАЗЛИКА ОД ЛАНИ Е ЗГОЛЕМЕНО ЗА 160 ДО 170 ПРОЦЕНТИ, ИЛИ ИЗРАЗЕНО ВО БРОЈКИ НИЕ ИМАМЕ ПРОИЗВЕДЕНО ПРЕКУ 230.000 МЕТРИ КУБНИ ЗАКЛУЧ