Неџипи претставен во Шкендија (ФОТО)

Екипата на Шкендија го претстави Ндерим Неџипи, според она што се очекува, тимот на Шкендија како што велат од Тетово ќе атакуваат на што поголеми упеси во иднина.

Очекувањата на Тетовска Шкендија се дури и освојување на двојната круна во Македонија, составот кој го поседуваат е силен и се очекува интересна сезона во Македонската Прва Фудбалска Лига.

Инаку Ндерим Неџипи е доста познат на љубителите на фудбалот во Македонија, најубавите моменти во својата фудбалска кариера му беше во тимот на Работнички, одигра 3 успешни сезони (2005-2008) и беше еден од најзабележителните играчи на тимот од Дебар Маало.

Од Неџипи се очекува премногу, самиот фудбалер по пристигнувањето во тимот на Шкендија вели дека очекува двојна круна со својот нов клуб.

Фото: alsat-m.tv

Пронајдете не на следниве мрежи: