Директорот на Државен Архив – Филип Петровски, гостуваше во емисијата на Радио слободна Македонија – „Утрински поглед“.Во продолжение ви следи едно интересно интервју со директорот на „Државен Архив“, г-динот Филип Петровски, а како и секое негово интервју така и од ова може да се научи многу за историјата на нашата земја, корените и се што се случувало многу години пред нас. Имено поводот за гостувањето во оваа емисија овој пат е настанот кој доаѓа наскоро, односно одбележувањето на 65 годишнината од Архивот.
– Ќе имаме свечена академија во Македонскиот Народен театар со меѓународно присуство, при што му понудивме на претседателот на Р.Македонија, Иванов да биде покровител на настанот, бидејќи е практика врвни државнички личности да бидат покровители на вакви настани.
Понатаму на Свечената академија ќе се зборува нешто повеќе за историјатот на Државниот архив, ќе се промовира монографија која има за цел да ги обедини сите значајни документи од сите градови каде архивот има подрачни единици и секако од Скопје. Ќе има изложба со објаснување за документите, при што луѓето ќе имаа можност одблиску да се запознаат со тоа што всушност се работи.
На свечената академија ќе имаат можност да дојдат сите заинтересирани граѓани каде ќе можат да ги видат и да ги допрат оригиналните документи.
Во мандатот кој е пред него, г-динот Филип Петровски има во план да формира и Музеј на Државниот Архив каде документите ќе бидат извадени во постојана поставка, за луѓето да можат брзо и лесно да се запознаат со најзначајните моменти од нашата историја.
Гостувањето во оваа емисија не случајно беше на 4-ти Февруари, бидејќи токму на овој датум во 1872 год е роден и Гоце Делчев.
– Чуваме 40 оригинални писма на Гоце Делчев во Државниот архив, а веќе едно од нив може да се купи во било која сувенирница во Скопје и надвор од главниот град, при што на едната страна е оригиналниот ракопис на Гоце Делчев, а од другата страна транскрипција на неговиот ракопис, за да им биде појасно на сите оние кои не можат да го разберат писмото. Наскоро ќе се објави и протоколот за пренесувањето на неговите коски во Скопје, што била и негова последна желба. После Втората светска војна неговит коски се пренесени во Св. Спас.
Во интервјуто понатаму директорот на Државен архив зборува за соработките на Државниот архив со архивите на југоисточна Европа, како и за работниот состанок на сите државни архиви кој треба да се случи на 1-ви Април.
Повеќе слушнете во интервјуто кое следи: