Се докажа дека нашето судство до перфекција ја има навежбано циркуската дисциплина одење по жица. Судиите докажаа дека повеќе се разбираат од балансирање и тонирање на бескрајно глупите специјални предмети оформени во канцелариите на СЈО/СДС отколку што се разбираат од македонските закони и судската пракса на ЕСЧП. Ги прифаќаат за точни и за меродавни исказите на сегашниот премиер дадени против поранешниот премиер, искази кои јавноста не ги есапи како меродавни во политичка/изборна кампања, а не пак за сериозни докази во судски процес.
Значи, Заев дал исказ против Груевски дека Груевски направил одредена злоупотреба на својата положба во времето кога бил премиер (а што друго може да се очекува од политички опонент) и сега замислете целото судство стои во став мирно и со денови расправа за исказот на Заев небаре станува збор за исказ даден од Бога, а не за исказ даден од обичен трчилаж. И додека првостепениот суд убаво си констатирал дека за да има основи за изрекување притвор потребно е СЈО да наведе конкретни примери на влијание врз сведоци, конкретни примери на влијание врз постапката од страна на Груевски и останатите обвинети, а не апстракции и измислени крими филмови од специјалните обвинители, Апелација како второстепен повисок суд не остана на теренот на правото за што е обврзана со Уставда бара од СЈО конкретизација на таквите измислени сценарија со наведување на факти и личности што би го потврдиле влијанието, туку едноставно одлучи да се стави на жица и да ја прифати одлуката на првостепениот суд како правно издржана.
Иако на хартија второстепениот суд има поголема обврска да ги цени доказите, да ја води постапката согласно начелата на објективност, пропорционалност, законитост, а не да се докажува во процесот дека е одличен циркузант, за жал, апелацискиот совет се одлучи за второто. Јавно ги прашувам судиите од апелација кои одлучуваа за предметите на СЈО дали намерно го заборавија членот 4 од Законот за кривичната постапка насловен како „Одлучување на начин поповолен за обвинетиот (in dubio pro reo), каде недвосмислено стои дека „За сомневањето во однос на постоењето или непостоењето на фактите што го чинат обележјето на кривичното дело или од кои зависи примената на некоја одредба од Кривичниот законик, судот ќе одлучи на начин поповолен за обвинетиот“?
Дали апелациските судиинавистина беа убедени дека со одземањето на патната исправа на Груевски и на голем број обвинети во случаите, и со утврдување обврска еднаш во неделата обвинетите да се јавуваат во судот го испочитувале член 4 од ЗКП?
Се сомневам. А и тие, убедена сум, длабоко во себе се сомневаат. Се сомневаат затоа што се свесни дека нивните одлуки не се засновани исклучиво врз основа на закон, туку врз основа на политички прагматизам и конформизам, да не се замерат со сегашната власт и со странскиот амбасадор. Нивните одлуки немаат никаква врска со Јустиција и со Уставот пред кои ја имаат дадено заклетвата во моментот на стапувањето на судската функција, ама затоа пак имаат многу врска со политичкиот аманет даден пред дремачите во судот вработени во една амбасада во Скопје кои во секој момент ја надгледуваат работата на судиите и веднаш испраќаат информации од терен до Сценаристот.
Жално и срамно е да се деградира судиската функција до степен на кловнови и одачи по жица во „Медрано“. Судиската функција е, пред се, личен интегритет, лична, стамена независност и недопирливост. Судиската функција е многу повеќе од пронаоѓање прагматични, конформистички решенија во тешки политички времиња на безобразни и крајно недолични странски притисоци врз нашата земја. Судиската функција е многу, многу повеќе од задоволување на желбите на обвинителите во СЈО кои пак се трансмитери на желбите и интересите на странскиот Сценарист. Судиската функција е, пред се, функција која мора да биде заснована на стриктна примена на Устав, на закон и на меѓународни договори ратификувани во согласност со Устав, и ништо помалку од тоа.
Желбите на Сценаристот и на Заев можат да се исполнуваат само во приватни машини за желботеки. Белким судии не се симнавте до тоа дереџе да бидете нечии џубокси! Вашата одговорност во применатана владеењето на правото е во моментов најголема. А владеењето на правото нема никаква врска со одењето по жица, нема никаква врска со некакви жонглерски способности на кловновите, со фрлачите на оган. Факт е дека овие способности му се потребни на Заев и неговиот ментор да го забавуваат народот. Овие вештини одлично ги има навежбано пијар-тимот на Заев кој е платен за тоа да ја дефокусира јавноста со некакви идиотски предмети за наводно сторен криминал додека нивниот шеф во позадина ја распродава државата за една чорапогашта и за едно сиртаки.
Проф. д-р Тања Каракамишева-ЈовановскаСе докажа дека нашето судство до перфекција ја има навежбано циркуската дисциплина одење по жица. Судиите докажаа дека повеќе се разбираат од балан