Сдсмовците допрва ги очекуваат разочарувања

Овие десетина дена се добар контраст, добра споредба за разликата во дневниот ред и преокупациите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.Груевски и министрите од ВМРО-ДПМНЕ ги довршуваат или започнуваат проектите на кои со години се работеше. Од привршување на автопатите, преку изградба на гасоводи, почеток на градба на нов клинички центар до реконструкција и изградба на еден куп нови градинки, училишта, локални патишта, спортски сали, домови на културата…
Од друга страна, СДСМ го работи тоа што најдобро го знае веќе со години. Византиска политика, договарање коалиции, тајни договори и преговори… Нема тука програма или создавање дела, туку само императив да се дојде до 62 пратеници. По секоја цена да се дојде до таа бројка и што подолго да се задржи власта.
Тоа е алфа и омега на политичкиот ангажман на раководството на СДСМ. Да се предизвика криза, да се дестабилизира државата до темел, да се добие поддршка во потфатот од разни пара – структури и подземја, па потоа да се биде пожарникар, да се менаџира состојбата што самите ја влошиле, а во меѓувреме да се освои власта преку секакви лажни ветувања, договарања зад затворени врати и интриги.
Сега ги очекува договарањето на ресорите во новата влада, односно коалицијата, распределба помеѓу СДСМ, ДУИ и коалицијата на Зијадин Села. Преговорите нема да бидат лесни затоа што секој коалициски партнер, па и секој пратеник од сите овие партии ќе поставува услови и ултиматуми. Секој ќе инсистира на своето, а доколку не му се исполни желбата, владата ќе нема мнозинство. На посебен колосек се преговорите со Беса, која има рејтинг во нагорна линија, па нема преголем интерес за влегување во Владата.
Значи, во отпочнатите преговори за владата на Зоран Заев, Али Ахмети и Зијадин Села ќе има многу детали, многу кадровски ребуси и многу лавиринти. Тоа ќе се менаџира, но со секоја измината недела и со секој изминат месец таквите проблеми ќе се продлабочуваат.
СДСМ ќе биде принуден на постојано повлекување и постојани отстапки. И во делот на законите што ќе ги предлага владата, и во делот на проектите, и во делот на кадровската политика. Премиерот ќе има максимално тесен маневарски простор, а деновите ќе му се сведат на секојдневно гасење пожари меѓу министрите и замениците министри од различни партии.
Заев ќе треба да им објасни на еден куп луѓе дека нема да бидат министри, иако тие го очекувале тоа. Ќе следува најава за нивни ангажман во вториот ешалон, но и таму местата се ограничени, ќе се пополнат брзо, а кандидати има буквално илјадници.
Ќе почнат првите прозивки и незадоволства. Ќе се бара трпение, ќе се купува време. Но, тоа ќе биде дневно и секојдневно менаџирање на очекувања, лични амбиции, минат труд, споредби, приговарање, лобирање, озборување, договарања… Kоалициските проблеми што ќе треба да се лепат во владата во премиерот реално нема силна позиција и тежина, затоа што владата во секој момент ќе биде пред соборување.
Тие што ќе бидат именувани за раководители, нема да имаат средства и буџети да ги реализираат ветувањата. Kога сме кај ветувањата, тие се толку амбициозно и широкоградо дадени, што се секоја година се потребни барем 3 – 4 буџети.
Ветено е с` и сешто. Хартијата трпи с`, па секоја желба и секое барање е ставено како ветување. Сега ќе треба сето тоа да се испорача. Јасно, сето тоа е невозможно, затоа што се ветени брда и долини. И на национално, и на локално ниво.
Ветувањата се често и прилично противречни. На Македонците им се дава гаранцијата дадена од Заев до Иванов, а на Албанците им се ветува тиранската платформа. На компаниите им се ветуваат помали даноци, а на сите страни се зголемуваат социјалните трошоци.
На странските инвеститори им се нуди соработка, а преку еден куп закони ќе се отежне нивната работа. И така натаму, и така натаму. Само погледнете ја програмата на СДСМ и ќе видите дека се работи за концепт на баронот Минхаузен.
Kога на сето тоа ќе се додаде кадровскиот состав и потенцијал на СДСМ, ДУИ и коалицијата на Зијадин Села, заедно со првите луѓе што ќе ги раководат министерствата, агенциите, дирекциите и управите, тогаш веќе јасно се наѕираат размерите на проблемите кои што претстојат за државата и граѓаните.
Разочарувањата за членството и симпатизерите на СДСМ допрва почнуваат. Проблемите на Владата на СДСМ допрва почнуваат. Тензиите меѓу коалициските партнери допрва ќе се зголемуваат. Ветувањата кон народот нема да се реализираат. Нестабилната влада не ќе може долго да се одржи.
Ќе имаме нестабилна влада која нема да може да испорача резултат. Народното незадоволство ќе расте. Затоа, решението е во нови избори, со јасен мандат и јасно мнозинство за ВМРО-ДПМНЕ. Така ќе добиеме стабилна влада и функционална држава.Груевски и министрите од ВМРО-ДПМНЕ ги довршуваат или започнуваат проектите на кои со години се работеше. Од привршување на автопатите, преку изгра

Пронајдете не на следниве мрежи: