КРИЗИРАЊЕ ВО КОНТИНУИТЕТ

Македонија, независна, слободна, своја. Веќе 26 години. По векови ропство, малтретирања, војни, угнетувања, раселувања, вистински геноцид ( не тој измислениот, Тиранско платформски ) – конечно и нас Македонците не огреа она истото сонце кое несебично го споделуваме со целиот свет.Станавме свои на своето. Или барем така си помисливме во моментите на еуфорија по прогласувањето на референдумските резултати. Бев дете. Бев на плоштад. Далеку од Киро и компанија и од бината. Не знаев што точно значи чинот но околу мене гледав среќни лица со кои заеднички ја пеевме нашата химна и го веевме нашето знаме. Луѓето велеа, народот реши, сега сме демократија, и иако не можев точно да ги дефинирам термините, онака детски знаев дека тоа е ОК, тоа ми го кажуваа среќните и распеани лица на луѓето и славеничката атмосфера.
Среќа и славење кои ќе ги има премалку во годините што следеа. Македонија е напатена земја, Македонците се вековни страдалници. Кои се срања ни се случиле низ вековите а еве, уште сме тука. Ако постои срање кое може да се случи на држава, на народ, ние сме го преживеале. Been there – done that што би рекле колегите од  Би-Би-Си. Не стигнавме ниту до дома од плоштад, од прославата на сопствената независност, државност, а веќе беа тргнати приказните „колку ќе издржиме“. Некои ни даваа една година, некои три а некои дарежливо пет. Па не сме биле способни да издржиме економски, одбрамбено сме биле слаби, сме немале саглам војска, полиција, фабриките немало кај да пласираат производи, сме немале институции и институти. Сите згрешија. Народот беше во право. Сме знаеле, сме можеле. Не можам да се оттргнам од впечатокот дека во тие рани 90-ти од минатиот век, Европа и Балканот имаа поголеми проблеми а ние влеговме „под радарот“ со стикерче залепено на нашето чело на кое пишуваше „да се растури во прва следна прилика“, од како ќе се решат поголемите проблеми.
За таа цел ни монтираа фаличен устав, фалични закони и фалични рециклирани комунисти на власт за да сето тоа го држат на стенд бај. Бевме како кула од коцки која таткото му ја прави на сопственото бесно дете со цел тоа да ја растури за да се расположи. Но, пресметаа лошо, математиката не им се покажа на терен. Не сметаа на љубовта на народот кон своето, не сметаа на исконската желба која тлеела со векови во генерации Македонци, која генетски е запишана со крв и страдање. И така доаѓаме до денес. 26 години потоа. Better late than never, велат. Подобро подоцна од колку никогаш. Од кога ги асимилираа Словенија и Хрватска, ја осакатија Србија, ја закопаа Босна, ја врзаа Црна Гора, создадоа нарко република Косово, дојде и нашиот ред. Излезе нашиот број.
Дојде ред Македонија да се направи територија без народ и државност. Дојде ред да имаме карикатура знаме со орли и змии, да имаме инструментална химна за никој да не се навреди од зборовите, грб со кокаин и канализациска цевка од Арачиново за да отсликува соживот и инклузивност и за да некои снегулки се чувствуваат подобро. До тоа дојдовме. До климаксот на овие 26 тешки години. Сега треба да не снема. Засекогаш. За тоа да биде така, треба да се самоукинеме. Во НАШЕТО собрание, НАШИ пратеници да гласаат за промена на се што не дефинира како народ, како засебен ентитет, како нација. За таква операција која не им успеа со Косово, имено и покрај тоа што неоконите издејствуваа на сила и со закани одреден број на земји меѓу кои и нашата ( срамота ) надвор од меѓународното право, Косово да стане држава, Србите си имаат едно згодно документче во ООН кое се вика резолуција 1244 или Кумановски Договор на кој можат да се повикаат кога ќе се создадат добри околности за тоа и да ја прекинат егзистенцијата на таа фабрика за кокаин еднаш и за секогаш. Со арно или со лошо.
Кај нас ситуацијата е полоша. Најдоа група бараби, жедни за власт, моќ и пари и пробаа да ги инсталираат на власт за да го остварат нивниот план. Тие бараби не тероризираат 3 години. Не лажат бесрамно и се нарекуваат СДСМ. Ова „М“ на крајот наводно треба да ја претставува Македонија во што искрено се сомневам. Ни создадоа криза во континуитет за да ни се одмили Македонија. Ако се вратиме на кампањите на СДС и нивните шарени куртонски клонови добиваме ваква слика за Македонија. Македонија е најсиромашна земја на светот, без институции, без правда за секого. Нема работни места а младите работат во концентрациони логори наречени „слободни индустриски зони“ каде ги експлоатираат странски фашисти кои се во дослух со „режимот“. Младите масовно се одселуваат, новороденчиња и деца умираат секојдневно, се гради да но неквалитетно, скапо и немодерно ( пази спин човече, да анулираш визуелизација, да не може да се радува човекот на изграденото туку да мисли од што е направено, колку чини и дали е модерно ). Школството и здравството се срање, земјоделието пред колапс а сме задолжени за катаљон генерации нанапред и нашите пра,пра,пра,пра,пра внучиња ќе плаќаат за овие кредити режимски и неповолни. И? Како да сакаш ваква земја? НИКАКО нормално.
 Цаката е што се ова е невистина, лага. Брутална лага на недоветни мамини и татини размазени деца кои сакаат да дојдат на власт во таа и таква Македонија. Каква што самите тие ја портретирале. Народот ги прочита и им кажа НЕ на сите можни јебени избори од 2006 до ден денешен. Сега ни велат пу,пу, демократија не важи повеќе. Не бил победник тој што на ИЗБОРИ освоил најмногу гласови, ( трансфериран директен легитимитет од НАРОД ) туку тој што може најдобро да се договори по изборите?!?!? Зошто тогаш избори недореформирани мои комуњарски другарчиња? Чуму избори? Дај нека се договараат партии за тоа која партија ТИЕ сакаат да биде на власт а која според нив НЕ СМЕЕ да биде на власт? Така? Да укинеме демократија ако не? 700.000 луѓе гласале против „режимот“? 700.000 чавки вас ви го испиле мозокот драги мои комуњари. Кризата ја направивте ВИЕ, вашите повредени лузерски ега кои не можеа да истрпат 15 порази по ред. На избори не се заокружува тој ПРОТИВ кого си туку оној ЗА КОЈ СИ. Најмногу луѓе, демократски, фер, мирно кажаа дека се ЗА ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е факт кој го потврди и ДИК. И меџународната. И ОБСЕ. И американците и европејците. СИТЕ. Исто така и перцепцијата дека се борите против наводен криминал ви е искривоколчена. НЕ СЕ ДОКАЖУВА дека јас НЕ СУМ криминалец, се докажува фактот дека ЈАС СУМ криминалец. Реалноста гризе и секогаш треба да се повикуваме на неа кога правиме проценки за иднината. Некому одговара СДС да е на власт. Тој некој не е Македонскиот народ кој јасно и недвосмислено го кажа истото на избори. Да не се лажеме дека борбата на СДС е за подобро утре на нас и нашата држава.
Не, тоа е борба за отплаќање на личните кредити кои ги земаа кај некој мафијашки структури и странски служби. Мафијата бара пари – странците ја бараат Македонија на тацна. Реш печена. Да ја закопаат за век и веков. Тоа е борбата. Дупката е ископана и чека. Од нас се бара да влеземе сами во неа и да си се  затрупаме со сопствени раце. Тие би не турнале, но тогаш тоа е убиство, со траги, со докази, со се. А за убиство се оди во затвор. Не валкаат неоконите сопствени раце, а и зошто би кога има ретардирани од калапот на Зоран Заев, Радмила „always number two“ Шеќеринска, Павле Богоевски, Павле Трајанов, Ордановски, Геровски,Фрчковски, Тричковски, Најчевска….. Списокот е долг. Да не дозволиме да не излажат. Промена на Знаме, Химна, Име, признавање на геноцид кој не се случил, двојазични пари, двојазична земја – нема да ни го направат животот поубав, побогат, поисполнет, …. како што не ни го направи ни Рамковниот Договор кој според овие горенаведени кретени е надминат и треба да се прошири. Никогаш нема да биде доста. Никогаш додека постои РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Оваа борба е наша, сега и тука, од нас зависи се, прв пат по векови и векови. И нема да дозволиме под превезот на лажно гонење криминал, лажни информации од лажливи луѓе – да ни ја земат тешко стекнатата држава, државност, нација и идентитет со сите негови обележја. Нема да им помине затоа што НАРОДОТ е буден и заради тој НАРОД –
ЌЕ ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !!!Станавме свои на свое

Пронајдете не на следниве мрежи: