Аеродром „Александар Велики“, архитектонски нурнат во модерна Европа, и не оддаваше дека има некоја голема гужва, само два авиони на постојките, но од Скопје во светот се патува со многу ефтини авионски карти.Скоро веќе пролетното сонце добро грееше, мало црно кученце на аеродромското паркиралиште ги грицка своите шепи, некоја чудна тишина лебди во воздухот. Преку блиското брдо Косово е далеку на само 22 километри. Секој таксист во Скопје ќе ви објасни од која улица, од кој булевар, почнува „албанскиот“ дел од градот.
Македонија е дел од онаа голема Југославија, отиде од „Југе“ во 1992. без војна, но подоцна ја стигна сецесионистичкото проклетство, имаше во 2001. година мала војна со своите албански бунтовници. Македонците секако се православни, Албанците муслимани, процентот на мешовити бракови помал од еден процент.
Албанците тврдат дека во Македонија ги има од 30 до 40 проценти, службените податоци велат дека всушност ги има помеѓу 17 и 19 проценти.
Македонците и Албанците живеат во иста држава, но се сложни меѓусебно. Циниците би рекле дека Македонија претставува шизофренија со седиште во Обединетите нации. Односно, замислете двајца вооружени луѓе, двајцата патат од страшна мигрена, седат во иста кафана и се расположени за кавга, тоа е атмосфера која тука владее со години.
Не е доволно еден од овие двајца да успее, другиот мора да биде поразен. Омразата одново добива на замав, старите соседи, Македонците и Албанците, како никогаш да не престанале да бидат непријатели.
На неодамнешните избори тука победи партијата ВМРО-ДПМНЕ, виситна, не со голема предност во бројот на пратеници, но сепак победи. Досегашниот принцип, сходно со Мајскиот договор од 2008 година, беше „победник со победник“.
Тоа значи дека владата во Македонија задолжително ја прави победничката партија на Македонците и победничката партија, или неколку главни партии на партиите на Албанците. Тој принцип го бараа Албанците за да не се случи мнозинските Македонци да диктираат со условите на малцинските Албанци.
И тој принцип ЕУ и САД го прифатија. Мајскиот договор всушност беше операционализација на Охридскиот договор од 2002. година, кој повторно е операционализиран низ уставни амандмани, а се во сенката на претходната воена побуна на дел од Албанците на западот на земјата.
Во атипична врста на демократија на македонски начин, сега албанските партии одлучија да прават влада на изборите со поразената македонска партија СДСМ. Услов е таканаречената Албанска платформа, усогласена во Тирана, каде првенците на албанските партии од Македонија договараа детали за таа платформа со чинодејствување на албанскиот премиер Еди Рама.
Со тоа е погазен принципот на Мајскиот договор, а истовремено е извршен и обид за ревизија на Охридскиот договор.
Имено, Охридскиот договор одреди во сите општини во Македонија каде Албанците имаат значаен број на жители, а тоа е 20 проценти и повеќе, тие Албанци да имаат право на употреба на својот мајчин јазик. Тоа е член 7, став 2 на Уставот на Македонија. Тоа не значи дека албанскиот јазик во тие општини е официјален, туку значи дека Албанците можат да го користат во сите контакти со органите на власт.
Сега, албанската платформа бара албанскиот јазик да биде службен јазик во цела Македонија, што е директна ревизија на Охридскиот договор и што би била капитулација на Македонија на зелена маса.
И сето тоа меѓународната заедница, ЕУ и САД го поддржуаат иако тоа е рушење на Охридскиот договор кој е потпишан токму под притисок на Западот. Каква хипокризија, лицемерие без преседан! Кога госпоѓата Федерика Могерини, инаку некогашен припадник на комунистичката младина на Италија, вели тука во Скопје „дека мора да се почитуваат резултатите од изборите и изборната комбинаторика каква и да биде“, можеби треба да се потсети дека и Хитлер додје на власт по пат на легитимни избори.
Со тоа, секако не сакам да кажам дека господинот Зоран Заев, лидер на партијата СДСМ, е таква личност, но во Италија легитимните изборни победници дополнително се рушени и преку ложата П-2 и преку организцијата „Гладио“ и по пат на нам предрагата и мила ЦИА.
Албанската платформа има и формулација „дека на Албанците е извршен геноцид во период од 1912. до 1956.година“. Демократската партија на Србите во Македонија прва остро реагираше на таа платформа. Бидејќи низ таква формулација, всушност се обвинуваат Србите и Србија, бидејќи Македонија во наголем дел од тој период не постоела како држава. А 1956 година е земена како година во која македонските Турци почнуваат да се изјаснуваат како Албанци.
И така доаѓаме до македонскиот парадокс, во контекст на албанската платформа сега ВМРО-ДПМНЕ ги брани Србите и некогашните македонски комунисти од времето на 1945-1956 година, а наследниците на македонските комунисти, партијата СДСМ, ги обвинува за геноцид Србите и некогашните македонски комунисти.
И додека граѓаните на Скопје секоја вечер во масовни демонстрации извикуваат „Не ја даваме Македонија“, каде е излезот од кризата? Како од албанската платформа, која доведе до сето ова, никој не зборуваше пред изборите, излезот е во нови избори…
Мирослав ЛазанскиПолитикаСкоро веќе пролетното сонце добро грееше, мало црно кученце на аеродромското паркиралиште ги грицка своите шепи, некоја чудна тишина лебди во возду