БУДЕЊЕ- #4ИЛИНДЕН

Кога во една држава не може да се формира влада речиси три месеци а тоа не е нејзиниот најголем проблем, знаете дека навистина има проблем. Претседателот Иванов не го даде мандатот на коалицијата сите против ВМРО.Бараше дополнителни гаранции од аспирантите кои заговараат промена на име, знаме, химна, проширување на употребата на албанскиот на цела територија дури и каде што Албанците се под 1% од населението. Не сум правник и не се мешам во туѓа струка и за потегот можам само да кажам дека беше храбар и решителен, што ќе донесе или што ќе предизвика, во моментов можеме само да шпекулираме. Но пред тој потег се случи она најбитното. БУДЕЊЕТО. Иницијативата #4Илинден која се јави како реакција на бесрамната албанска платформа договорена во Албанија под спонзорство на премиерот на таа слободарска и демократична земја, Еди Рама. На „чадорот“ многу му се брза за да ја затвори задачата наречена уништување на Македонија и поништување на Македонците и секој траг од нив на светот. Брзањето беше предизвикано дел од нашите изборни резултати, кои не излегоа до крај како што планираше „чадорот“, а дел од глобалниот калабалак кој настана по уште една победа која немаше никогаш да се случи, а од кога се случи не убедуваа дека нема ништо да смени, победата на Доналд Трамп. Но реалноста сурово ги гризна по газот „чадорот“ и неговите инсталации во Македонија и потребата за брзо затворање на фајлот „Македонија“ стана иманентна. Кога се брза и се греши а тоа за Македонската јавност дојде како шок, како временска машина која на нашите телевизори ни ја прикажуваше реалноста која требаше да се случи 5-6 месеци од кога по планираната победа на 11-ти декември на Заев и болументата требаше да следи прогон, апсења и осудувања по кратка постапка, минимизирање на влијанието на ВМРО ДПМНЕ, деморализирање на нивното членство и замајување на остатокот од здраворазумската јавност со морков и стап и рециклирани пароли од типот на „некои прашања не заслужуваат одговор“. Склон сум да верувам дека „чадорот“ и неговите инсталации ја измислија албанската платформа во од, затечени од уште една во низата изборни победи на Груевски и ВМРО ДПМНЕ, и дека истата беше реакција на неочекуваниот резултат од 11-ти декември. Истата беше „понуда која не може да се прифати“ од страна на ВМРО ДПМНЕ но убава за голтање за гумените кичми на Бихачка гладни за пари и моќ, па макар и на дел од територијата на Македонија. Одеднаш, пред очи ни се проектираше филмот во кој Заев зборува за граѓанство и пари а неговите несудени граѓани зборуваат дека нема иднина ако не смениме, знаме, име, химна, идентитет. Без тоа не ја чувствувале земјава за своја. Се провлекоа и идиотизми како двојазични пари и двојазични команди во воените структури, нешто што не постои никаде во светот и што би бил еден во низата продукти на Македонија во меѓународната правна пракса кој ќе им биде посочуван како смешка на сите студенти по право во иднината и тоа како не треба да се решаваат правните диспаритети. И одеднаш, нешто се прекрши во Македонецот. Како некој да го заплисна со ладна кофа вода наутро. Чекајте? Стојте? Зарем ова е залогот? Сега се беше на АЧИК. Отидоа во мајчината и квази економските програми на комуњарите од типот 500 евра минимална плата ама ќе ви кажеме како од кога ќе дојдеме на власт, и ступидните пароли од типот – струјата е скапа, ТРЕБА ДА Е ЕФТИНА ! ( пак од после ќе ни кажат ) . Сето тоа отиде во мајчината. Сега треба тие да дојдат на власт и еден мандат да потрошат на угодување на чувствата на Албанците кои нели, само уште ова, и ова, и ова и ќе се чувствуваат како дома. Албанците кои 27 години НЕМААТ економски дел од предизборната програма и нивното учество во сите влади се сведува на лудачко пикање на некомпетентни и неписмени кадри на државна цицка во државната и општинска администрација со наше подголтнување и одобрување   ( „само да рата не буде“ ) , ни ја испорачаа својата сметка. Ќе се чувствуваат комотно во Македонија само ако истата се самоукине со нивна помош и под нивна закана.  Заев рече ОК, може, само јас да сум на власт. Тоа ги извади Македонците на улица. Мене, вас, сите нас кои Македонија ја гледаме како независна, унитарна, просперитетна нација, кои сакаме да се зачуваат нашите традиции, наследство, јазик, идентитет, уникатност, со максимално почитување на сите граѓани кои се припадници на други национални, верски, културолошки, цивилизациски, миљеа и бекграунди, секако со нужно почитување од нивна страна на погоре наведените наши приоритети кои се елементарен предуслов за наш опстанок како држава и нација. Взаемна почит. Тоа бараме. А не закани од типот – платформата – ИЛИ (читај војна, отцепување, непочитување институции и власт). И не другари, за се НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДЕБАТИРА! Како на пример за името. Секоја дебата за очигледна работа произведува само АПСУРД. Еве да пробаме да дебатираме за името на Зоран Заев да речеме. Во дебатата имаме две појдовни точки дека тој Е ЗОРАН ЗАЕВ а јас тврдам дека тој е Горан Баев. Како и да заврши дебатата , со каков и да е компромис, тој повеќе нема да биде Зоран Заев. И сега? Сакате дебата за вашето лично име? Затоа сме на улица. Затоа сме толку многу. Затоа сме решителни и цврсти. Пред нас е амбисот зад нас сабјата. Немаме каде освен на нашите улици. Не сме против никого. Не сме против никого што не е против нас. Имаме почит и трпение за секој што нас ќе не удостои со истото. Имаме љубов за секој што ќе ја побара и разбирање за секој на кој му треба. Сето тоа го имаме. Немаме само резервна татковина. Една ни е МАКЕДОНИЈА. Ако ја сакаш и ти, ако си со искрена намера, со љубов, со мисла за Македонија – излези и ти. Прошетај се, ќе сретнеш мирни, кротки, насмеани и радосни луѓе. Нема гнев и вандализам како кај некои платенички пропагандисти кои како штетници со црно срце од омраза кон сопствениот народ шетаа по градовите и уништуваа се што ќе им се најдеше на патот. Таквите ги нема со нас. Тие се дома, уплашени од БУДЕЊЕТО. И има од што да се плашат. Народот реши дека нема повеќе да гледа. Се е веќе јасно. Ќе си ги земе работите во свои раце. А ние како држава сме должни ова будење да го искористиме за инсталирање на заштитни механизми во системот кои ќе ни овозможат никогаш повеќе да не дојдеме до амбисот, да не не плашат и уценуваат белосветски и домашни пробисвети, да не не држат во заложништво и на колена. Тоа е патот, тоа е начинот. За тоа се бориме. За нов четврти ИЛИНДЕН , кој конечно ќе ги заокружи нашата посебност, независност, култура, наследство, традиции, јазик, идентитет, ИМЕ – beyond reasonable doubt! Без баг во системот, без скриени клаузули и недоречености. ВРЕМЕ Е ЗА ЧЕТВРТАТА РЕПУБЛИКА !
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Алекс Ванко
Писател,филозоф,аналитичарБараше дополнителни г

Пронајдете не на следниве мрежи: