Активизам на далечинско!

 Како дете бев навлечен на научна фантастика. Голтав се што холивудската индустрија имаше да понуди на тоа поле. На големото платно ги гледавме Терминатор, Ѕвездените Војни, Ѕвездените патеки, Враќање во иднината и слични и сонувавме за 21-от век, векот во кој нашите деца ќе ги носиме на школо со летачки чинии, ќе капнуваме вода на апче кое магично ќе се претвори во ниско калоричен здрав хамбургер, ќе се мечуваме со ласери и ќе пукаме со фејзери по белогалаксисите заебани чудовишта кој сакаат да ни ја земат планетата и да не направат робови.Како само не заебаа другари мои. Веќе во средината на 90-тите од минатиот век беше јасно дека ништо од летачките чинии, ласерчиња само на приврзок а хамбургерот од седмица си остана во добро познатата форма и квалитет. Како да разочарувањето од она што не го добивме од ебениот 21-ви век не беше доволно туку дополнително истиот мораше да не разочара со она што реално го добивме. Нека се лути кој сака но 21-от век донесе на сцена сексуално неактивни мастурбатори, скриени во детските соби на свои 25-30 години, генерација во која „секој е победник“ и нема прво и последно место. Генерација која ја научија дека и следува нешто со самото тоа што постои, без труд, без работа, генерација на морони кои сметаат дека спремните ready made одговори се дебата а мозокот и логиката се надминати. Генерација на папагали која повторува пароли од нивните тотеми без поговор и без прашања. Генерација која не знае да прифати и надмине пораз која нема допир со реалниот, секојдневен свет и живот. Се затворија во меури во кои тренираните водичи им ги инсталираат и мислењата и аргументите а тие се должни да ги истасатураизираат до бесвест. Секој што не е во меурот и што не клима со глава на нивните срања е деструктивец, глупав и претставува закана за меурот. Таквите се етикетираат и изолираат. Крај.
Генерација на родени активисти. Светот е нивни, активизмот е професија, добро платена професија морам да забележам. Оваа генерација е опседната со фејвови и лајкови, со ретвити и квоутови, со појавното површинското. Оваа генерација не сака да се качува по скалата на успехот – нив успехот им следува  а со тоа и директна телепортација на врвот. И не е битно колку безумни фрази мораат да се повторат на тој пат, не е битно колку постови, статуси и твитови треба да се „изодат“, само врвот и пластичниот квази морал се битни. Им следува, живи се, постојат ! Индивидуи во стадо, личности во колективитет, њу вејв моралисти спроти конзервативните стандарди. Пародија на животот во која си расист ако на човек од 150 кила му кажеш дека е дебел и на глупавиот му посочиш дека нема аргументи и збори од газот. Не, тоа не е дозволено во неолибералното племе. Тоа се става на крст и се гори, но остануваме атеисти нели бидејќи Бог е надминат концепт, само отелотворени тотеми признаваме. И ако во многу работи каскаме по светот, на ова поле сме меѓу лидерите. Среќа е што сме мала земја па нема многу варијации на лудилото како во Америка на пример, но професионалните атеисти и експерти на секое поле си најдоа плодна почва и кај нас.
И сега излегува некоја си стоп операција Сорос и поставува прашања. Чекај бе малку? Со кое право? Па не знаете дека снегулките се навредуваат на такви изблици на логика, на гличови во системот? Типциве од Стоп операција Сорос безобразно прашуваат што се направило со парите? Дали се исполниле таргетите и кои се всушност тие? Како и кој ги потрошил парите и што сработил со нив? За кого? Резултат? Или пак сите сме победници? Извинете на конзервативната со примеси на геј моја визура за работа како процес кој носи некаков резултат, некоја промена. Дигање на свест со флаери, банери и досетливи твитови не е резултат. Свестомер не е измислен ( да не ги с’скам а? ) а и локатор дека баш тој флаер, баш таа парола променила нешто исто така не постои. Сега Хелсиншки комитет вели, сме земале милион евра ( 1.000.000 ЕВРА ) ама не кажуваме како сме ги потрошиле. Нивните колеги од  Факултет за работи што не се учат  (не е заебанција имево), исто потрошиле вагон странски пари за да учат луѓе на работи кои не се учат? Досетливо нема што. И вие дечки сте имале 20 обуки со 500 учесници, што сте ги научиле? Па работи што не се учат! А да ги провериме? Па ништо не научија, зошто се работи што не се учат. Аааа ОК еве ви уште 300.000 долари за догодина. Фала, пријатно. Такви факинг перверзии. Па затоа и не ме чуди што здружението за заштита на белиот бор организира протести против математика на екстерно. За такви зомби ретарди праиме муабет. Но да не бидеме наивни. Парите се земени и користени за она за што и биле наменети. За правење на травестија од секое и малку конзервативно општество или средина. За вадење на гадинките и фриковите на улица, за давање на значење на секоја полуписмена шуша дека и неговото мислење е продукт кој може да се продаде како идеја, како логика. Да не се лажеме.
Сето ова е за да се прерипа народот, за да се изигра неговата воља и исто е и во Шведска и во Замбија и во Америка и во Македонија. Ордите либерални зомби снегулки никогаш нема да прашаат зошто орално се задоволува ДУИ кои пред само 3 месеци истите ги плукаа по социјалните мрежи како сијамски близнаци на режимот на Груеску, тендер коалиција, продадени души и помагачи на диктатурата. Сега, денес, овде тие се логичен и посакуван коалиционен партнер на „слободоумните слободарски урбани правдољубци“. Тази криминали што ги верглавме 3 години не се веќе криминали, дилит и рибут, за што? Па за Нема правда нема мир разбира се. И сега некој дошол нив да ги прашува каде ги потрошиле и за што парите, што „дигнале“ а на што вијаграта не делувала па имаме како резултат херпес на уста….  И сега – брејкинг њуз! Тие подопашниците на небањатиот режим од албанска провиниенција сега им даваат услов на „интелектуалната слободарска елита“ – потпишете ја платформата и ги имате нашите 10 потписи. Тонч. Ако потпишат – значи ги лажеле сопствените социјалдемократи и верни борци против режимот дека се беше финта за да се дупчи режимлијата Грујо, ако пак не потпишат значи ги лажеле 90 иљадарки урбани граџани од Липковас, Хурачинас, Косовас и дијаспорас кои сакаат канализација повеќе од федерализација…. Јебено другови, Је-Бе-Но…. И тука доаѓаат сега активистите на далечинско, активистите по професија и сексуална определба што треба да го амортизираат ефектот од било кој евентуален исход, потпишале неокомуњариве или не.
Е за тоа се драги мои парите, испраните мозоци да ви пеат приспивни наизуст научени мантри за слобода и еднаквост додека нивните газди ви пикаат федерализација и згаснување на Македонија како таква под чергиче. Картите се поделени а нив ги боли патлакот за белиот бор и зелената ела, гајле им е што воздух дишете зошто тоа сега не е тема. Гајле им е и за вас, очите се вперени кон Тирана, кон Еди Рама и бившата му сопруга како клуч за чекмежето кое ќе им даде парички за да можат летоска да ги полнат социјалните мрежи со слики од елитни хотели, ресорти и спа клубови и слични социјалдемократски зезалици и разбибриги. Затоа другари од Стоп операција Сорос, прашувајте, истражувајте, демаскирајте и разобличувајте. Активистичките зомбија на далечинско се растресени, барајте помош барајте чаре, десоросоизацијата ќе стане светски процес, да бидеме барем третиот вагон по локомотивата Трамп и секако ќе бидеме сигурни дека Ќе ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
 
Алекс Ванко
Филозоф,аналитичар, писателКако само не заебаа д

Пронајдете не на следниве мрежи: