Нов храбар свет

Две недели Трампификација. Либералите во паника. Комунистичките неоконски њу вејв марксисти не очекуваа вакво темпо. Трамп не се заебава. Сите сили, сите средства, сите пари на поклониците на нова СВЕТСКА ВЛАДА се насочени во Соединетите американски Држави.  Платените протестанти со спремни пароли и аргументација која најчесто завршува со етикетирање на соговорникот како расист, хомофоб, неписмен, и слични од палетата ready made answers, го живеат своето лимбо. А Трамп си тера. Кога во Империјата има такви преврати, такво менување на работите од корен, не постои земја која нема да биде погодена од ветерот произлезен од торнадото Трамп. Нашиве „Експертутки“ од платниот список на Сорос кои немаат погодено анализа и развој на настани дури и животот да им зависи од тоа, се сеуште мирни. Барем привидно.
Амбасадорот Џес Бејли им е сеуште тука, се „грицкаат“ есенските парички, грантови, „проекти“ и се чека новата поделба на „предавнички додаток“, субвенција за продавање на сопствената земја. Дал Сорос а богами и УСАИД. Бидејќи е ладно и #НеСеДише, домашните снегулки чекаат пролет за своите трошачки проекти а ако даде Сорос и со нова, урбана и бањата владина постава засилена со платформата на преполовениот и урбан Алија од Литл РеТшица или било кој друг „граѓанин“ со етнички агенди за декомпозиција на Македонија. Но соросоидните експертутки, повторно се заебаа и во математиката и во геополитиката. Според нив, денес требаше Хилари да го продолжи неокон владеењето на Обама, СДСМ требаше да има минимум 62 пратеника ( по храбрите предвидуваа 77 ) требаше да има слободарска влада на чело со Заев и веќе барем 3 притвори од семоќното и сеправедно СЈ факинг О. Неверувањето од изборот на Трамп не ги поколеба, па така попаметните од нив што земаат кирија за сопствен стан во кој живеат, лагодно предвидуваа дека Америка е танкер кој тешко врти, кој не бега од стратегиите исцртани пред 50 години во кои единствен глич беше владеењето на Роналд Реган во 80-тите години од минатиот век. И така доаѓаме до денешниот ден, 3-ти февруари, ден во кој се многу назад од предвидената агенда, нервозните несудени министри и административци се шуткаат наоколу псуејќи го Фикусот – меѓу народот познат и како Ѓорѓе Иванов а уште  по познат и како претседател на независна и самостојна република Македонија, а загрижени „интелектуалци“ пишуваат писма за спас и поддршка на амбасадори осомничени за нетранспарентно делење средства од сопствените даночни обврзници.
Така снегулкиве кои сакаат брз специјален суд, кои сакаат брзи и специјални притвори без обвиненија, кои се исфрлаат по телото ако нема правда и ветуваат дека ќе нема мир зошто многу ги чеша, сега интелектуално бранат амбасадор кој е под сомнение за тешки финансиски малверзации. Не не го тврдам јас тоа туку 6 сенатори на Соединетите Американски Држави кои покренуваат истрага против дотичниот чадоролик амбасадор. И така нашиве демократски молери од урбано естетски побуди и љубители на правда без аргументи и притвор без отворен случај, упорно одбиваат да ја согледаат реалноста. А реалноста пече. 50 години подготвуваниот Нов Светски Поредок е на стаклени нозе. Нешто што изгледаше неизбежно сега е затресено во темел. Истрагата која се поведува против американскиот амбасадор ( а со тоа и staff-от, домашен и странски во неа ) треба да ја покаже поврзаноста на УСАИД фонацијата како владина, државна фондација која се полни од данокот на американските граѓани, фондациите на Сорос и ЦИА т.е. неоконските инсталации во неа. Нашите бивши комунисти и УДБАШИ одлично се снајдоа во ова друштво. Социјалисти и неомарксисти со демократски кожувчиња со години се инсталираа во американската администрација. Сорос иако богат и влијателен е само лице, ПР на неокон светската влада.
Приоритетот кој Трам го даде во пресметката со него докажува колку е тој битен играч на светската шема. Сорос е иноватор во таканаречената mind control војна. Тој меѓу првите во пракса го примени принципот на индокринирана толпа, идеолошки еднолична, секогаш со социјалистички предзнак – на улица, во смена на несаканите „режими“ кои си ги почитуваат своите народ и нација. По голем експеримент од Југославија се чини е само бившиот СССР кој го расшрафија од како си ја одигра историската улога. Да натераш Русин да се одрече од идентитет, од кралска лоза автентична и чиста за да се идентификува како совјет, беше експеримент со одлични резултати. Во случајот на Југославија беше полесно. Тука се изгради квазикомунистичка крпеница од 6 народи кои по катарзата наречена втора светска војна и 45 години константни војни на балканот се чинеше дека најдоа идеален концепт на мир и просперитет. Како тоа заврши сите добро знаеме, но остана името и тоа внимавајте денес присутно само во историските читанки и како дел од привременото ( што би рекол Киро – за 6 месеци) име на нашата Македонија. Чинам и тука беше намерно инсталиран овој баг во нашиот систем и годините покажаа дека на сите останати народи на балканот им беше дадена нивната доза национализам, земена крв но и добиена нација. Сорос ги виде овие потенцијали и почна со производство на бројлери кои ќе му помогнат кога во некоја земја плановите за профит не одат како што треба, кога се противи на неговите „предвидувања“ на берзите, да ги пушти кртовите од внатре да разорат се што пречи на команда.
Но само „неговите лични филантропски пари“ не се доволни за толкаво големо влијание а претераните „отсуства“ на конзервативците од извршната власт во САД само ги правеа полесни инсталирањата на луѓе „испрани“ преку отвореното општество, да се докопаат до врвни функции во ЦИА и останатите разузнавачки капацитети на САД. Затоа неслучајна е шемата помош од УСАИД, зголемено присуство на СОРОС, многу американски „странски туристи“ и на крајот крв и инсталација на посакуваните кадри на врвните функции во државата таргет. Почнаа со вежбички во Африка, дипломираа во Србија и го патентираа принципот како бренд стисната тупаница ширум светот. Знам и сигурен сум дека истрагата на сенаторите ќе покаже дека 90% од средствата на УСАИД наменети за Македонија завршиле во соросовото Отворено општество. Причина плус да се испита таа конекција и конекцијата со ЦИА која е шлаг на тортата во секоја „шарена револуција“ во секој агол на светот. Милиони долари, се зборува до 20 милиони годишно, биле делени меѓу 80 луѓе во 140 и нешто невладинио организации под чадорот на Сорос. Некое кречење градинка, столчиња за школо тука и таму за да се глуми алтруизам. Сето останато е за инсталирање на багови во системот и нагризување на државата и нацијата од внатре преку квази интелекти, купени професори, утицајни твитераши и разноразни други давајгазовци. Две години ја имаа предноста.
Многу луѓе, многу деца излажаа и навлекоа со полувистини и брутални лаги. Затоа им се брза. Разголени се, никој не го очекуваше ова темпо од Трамп и толку прецизно лоцирање на тоа што е РАСИПАНО во системот на САД. И Англија, поточно Британија, подготвувана од неоконите за логистика во третата светска војна која беше во најава со препотенцирање на Русите како фактор на нестабилноста во светот од страна на Хилари Клинтон. Британците егзитираа на време, on cue, но Хилари не победи. Меј прва отиде на бацирака. Тоа треба да ви говори доволно.  Македонија секогаш била на вистинската страна во сите конфликти во кои учествувала.  Македонската трагедија е во тоа што ретко, да не речам никогаш, не поентирала од дружењето со „добрите момци“. Сега е идеална прилика за тоа. Светот се менува, новиот светски поредок е in the making, и ние имаме многу што да придонесеме кон демонтажата на „Светската глобалистичка влада“. Знаеме, сме виделе и на сопствен грб осетиле. Инаетот ни е во гените а трпеливоста не прави претпазливи. Недостасувала секогаш борбеност, желба. Сега е моментот. Заев? Интелектуалците што го бранат Сорос? Платеничките кучиња? Тие се прочитани и во паника а рокот на траење им е помал од оној на дамките кои ги оставија по објектите кои ги фарбаа во име на правдата. Сега сме ние на потег.
Мадиња и Трамп,  и ЌЕ ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Алекс ванко
Филозоф, писател, аналитичар 

Пронајдете не на следниве мрежи: