Ја знаете ли онаа сторија или виц од времето на социјализмот со реченицата „и ти си во право“? Постарите најверојатно ја знаат, а за младите е добро да ја чујат или прочитаат.Се работи за сторија или виц во кој се гледа како еден политичар лаже без усул, без да трепне. На сите им го вели тоа што сакаат да го слушнат. Kако еден градоначалник на Струмица во денешно време. Значи, градоначалникот на Струмица оди на пазарот кај земјоделците. Се поздравува со народот, зборува со граѓаните. Пазарџиите велат дека сакаат нивните производи да имаат поголема цена. Тој им вели: „Во право сте“. Пиперките, бостанот, доматите се премногу евтини, треба да бидат поскапи. Земјоделците слушаат, одобруваат и мислат дека градоначалникот на Струмица е на нивна страна.
Разговорот завршува со неговите зборови: „Земјоделци, вие сте во право. Гласајте за мене, гласајте за СДСМ и ќе се зголеми цената на земјоделските производи“. На заминување, градоначалникот на Струмица повторува: „Вие сте во право“. Следниот ден градоначалникот на Струмица како лидер на СДСМ оди во Скопје. Ги посетува Аеродром, Kарпош, Центар, Kисела Вода, Гази Баба… Оди по пазарите, по улиците, се поздравува со граѓаните. Разговара со нив и ги слуша нивните кажувања. Граѓаните се жалат дека производите им се скапи, дека тешко се врзува крај со крај. Заев ги слуша, клима со главата и им вели „вие сте во право“. Тогаш настапува со ветувањето пред граѓаните во Скопје: „Граѓани, вие сте во право. Овошјето и зеленчукот навистина се премногу скапи. Гласајте за мене, гласајте за СДСМ, ние ќе ги намалиме цените на производите и ќе ви ја олесниме живејачката“.
Отприлика, тоа е пристапот на Заев и СДСМ со ветувањата. Секаде да се зборува на луѓето тоа што сакаат да го слушнат, макар тоа да значи целосна контрадикторност. Бесрамно, безочно лажење, кое треба да разбуди лажни очекувања и лажна надеж. Генерално, ветувањата на Заев и СДСМ не треба да се земат сериозно. Тоа се наменски лаги, за избори. Обичен список на желби, ставени на хартија. А хартијата трпи се, нели? Сепак, овие ветувања и лаги треба да се демаскираат, затоа што ризикот е одреден број на луѓе да поверуваат во сето тоа, па така ВМРО-ДПМНЕ да добие 58 или 60 пратеници, наместо потребните и очекуваните 62 пратеника. Од повеќе причини, за Македонија е важно коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да има 62 пратеника, така што ваквите шарени и примамливи „ветувања“ на Заев и СДСМ треба темелно да се демонтираат. Одиме по ред.
На пример, „ветувањето“ дека СДСМ веднаш ќе ја „зголеми“ минималната плата на 12.000 денари, а после тоа дека ќе оди на 16.000 денари. Ако е така, зошто СДСМ никогаш не донесе закон за минимална плата? Тогаш воопшто немаше минимална плата.
Не кажуваат дека тоа зголемување може да дојде само преку зголемување на вработеноста, преку инвестиции и растот на цената на трудот. Ако то се направи со декрет, тогаш еден куп фабрики и инвеститори ќе си заминат од Македонија во други земји и ќе се вратиме на времињата со невработеност од 35 проценти. Но, за оваа тема повеќе во некоја друга пригода. За крај, сторијата и вицот од времето на социјализмот од почетокот на оваа колумна завршува со разговорот помеѓу градоначалникот на Струмица и неговиот помошник. Откако помошникот го слушнал својот шеф како на едно место ветува подобри цени за земјоделските производи пред земјоделците, а поевтини производи пред купувачите во продавниците и на пазарите, помошникот му се обратил на својот шеф до зборовите: Шефе, како ветуваш вака различни работи?! Зеленчукот ем ќе биде поевтин, ем ќе биде поскап?! Kако тоа?! Па ти ги лажеш луѓето“.
Градоначалникот на Струмица го слушнал својот помошник и му рекол: „Знаеш, и ти си во право“.
А сега вратете се на милозвучните и розови ветувања на Зоран Заев за кои и самиот е свесен дека нема да дојде во ситуација да ги реализира.
Влатко ЃОРЧЕВ за ДневникСе работи за сторија или виц во кој се гледа како еден политичар лаже без усул, без да трепне. На сите им го вели тоа што сакаат да го слушнат. Kак