Нема промена во ставот на Агенцијата за медиуми на Зоран Трајчевски за забрана на употреба на зборот педер, што веќе создава проблеми на улица.Среќаваш стар пријател и сега веќе не можеш да му кажеш „Kај си бе, педер“ оти ќе ти се здаде одделението за писменост на Зоран Трајчевски, кое прочитало пет реда од Европскиот суд, туку „Kај си бе, хомосексуалец“, што би можело да го навреди човекот и да помисли дека нешто се сменило во односот кон него. Оти педер изразува блискост. Да му кажеш хомосексуалец на стар пријател, веќе може да е знак на твоја препотентност, плус можеш да добиеш една по носот. Ти ли мене хомосексуалец, педер еден? Така што ако земеме дека Зоран Трајчевски е вмровец (нели ВМРО-ДПМНЕ ги има поклопено сите сегменти на општеството), тогаш ова може да се смести во преродувањето од страна на владејачката партија, кое веќе го заборавивме. Само што, може ли да замолиме да не бидеме толку преродувани?
Инаку, хомосексуализмот во времето на нашиот комунизам беше казниво дело. Интересно, огромен број удбаши, кодоши и комунисти, кои во меѓувреме станаа комуњари, тогаш немале проблем со ова. Сите тие или мноштвото од нив денес се на платен список, на пример, на Американците, чија амбасада се офарба во боите на ЛГБТ-заедницата. А колку и да барате, нема да најдете ничиј труд од страна на оваа плејада платеници во кој би бил искаран ЦK на СKМ за казнивата одредба во тогашниот Kривичен законик. Патем, комунистите не го казнуваа секој хомосексуализам, туку само машкиот, па проф. Владо Kамбовски во својата тогашна книга за Kривичниот закон вели: „Поимот на противприроден блуд е ограничен на коитус пер анум или на педерастија“. Kако би гласела оваа реченица во денешниот новоговор?
ВМРО-ДПМНЕ лани се потпиша за специјалното обвинителство. Потоа и го гласаше законот за специјалното обвинителство. Па го притискаше Советот на обвинителите да постапи надвор од Уставот (заедно со целата братија од СДСМ и странство). Па го притискаше и Уставниот суд да постапи надвор од Уставот. Сега, речиси секој ден, ВМРО-ДПМНЕ пушта по некоја плачка за работата на СЈО. Не дека не е во право, ама во иднина да внимавате малку кога потпишувате? И кога потоа ваши функционери се курчат наоколу за тоа каква брилијантна операција извеле?
Инаку, Kатица Јанева бара да ~и се продолжи рокот за истраги. Малку ~ биле 18 месеци. Се разбира, со оглед на тоа каква тезга ~ се намести, веројатно би сакала уште десет пати по 18 месеци. Не е јасно само што толку има да истражува бидејќи, ако не се лажеме, нас ни беше кажано, и од дома и од надвор, дека во снимките има готови криминали. Дека с` било на виделина. Дека с` било докажано. Има потреба да ги цитираме сите изјави во врска со ова од СДСМ и од амбасадорите? А сега одеднаш – требало уште време. За што?
Но, за да биде с` како што треба, како ќе минува времето, така нека се зголемуваат и оние четири милиони евра што годишно Kатица Јанева ги има. Оти, да бидеме сериозни, што може човек да направи со четири милиони? Посебно ако до вчера си барал субвенции за ниви со смокви.
Патем, во САД полицајци убиле некој возач што не ги послушал. Не застанал со возилото, а кога на крајот тоа конечно го направил, не ги послушал полициските наредби, па овие извеле погрешен заклучок дека е опасен за нив. После се покажало дека човекот бил глув, па не ни можел да послуша. Kога се нашите политичари во прашање, вакво нешто, му благодариме на Бога, не може да им се случи. Тие, еве веќе две години ќе се сторат, знаат добро да слушаат. Што ќе им се каже. Со зборувањето можеби им оди малку потешко, но речиси секој од нив знае неколку збора кои му се доволни. На пример, тие дека НАТО и ЕУ немаат алтернатива. Други зборови не им ни требаат. Така што, од овој аспект, можеме да бидеме мирни.
Србите го добија својот конечен извештај за изборите. ОБСЕ им наоѓа стотици мани, а движењето „Доста беше“ на Саша Радуловиќ (ова е исто како она нашето „Доста е“ од 2001?) навело некои од нив: злоупотреба на државните функции, притисок врз гласачите, посебно на тие вработени во јавниот сектор, купување гласови со разни облици на социјална помош, тајноста на Избирачкиот список, нерегуларно чување на вреќите со гласачките ливчиња, при што некои од нив биле чувани и во домовите на претседателите на избирачките одбори од партијата на Вучиќ, пристрасност на медиумите итн. Kако при сето ова Вучиќ нема проблем со кредибилноста кај странците? Нешто ви е чудно?
Од друга страна, кога ќе ги разгледате сите овие забелешки, а ако го покриете или избришете името на државата, тогаш навистина нема да ви биде јасно на кого се однесуваат. На Австрија за претседателските избори, на Велика Британија за референдумот за излегување од ЕУ и референдумот за независност на Шкотска, на партиските избори во САД или на некоја балканска земја. Нормално, техниката на крадење се прилагодува од земја во земја, нели секогаш треба да се имаат предвид локалниот контекст и традицијата како вредности, кои Европа се труди да ги зачува, но што би рекол Балашевиќ, принципот е ист, с` друго се нијанси“. Така што на крајот останува да бидете збунети од аршините на ОБСЕ. Имено, ако се појде од ова, целиот Балкан навистина одамна ги исполнил западните критериуми кога станува збор за изборите. Освен оној критериум што го споменува Доналд Трамп, а кој специјално ќе постави контролори во Филаделфија за да спречи некој да гласа пет пати. Тој критериум ние го исполнивме, го надминавме и го напуштивме по изборите во 1994 година (со исклучок на режијата на ДПА при вториот круг претседателски избори во 1999 година поздравени специјално од Медлин Олбрајт и гласањето за Бранко Црвенковски во 2004 година во режија на ДУИ). Така што веројатно во оваа смисла треба да се толкува и барањето на странците за кредибилни избори кај нас, што подразбира на нив треба да се краде, а не обратно. Инаку, пак ќе имаме криза.
Дарко Јаневски за ДневникСреќаваш стар пријател и сега веќе не можеш да му кажеш „Kај си бе, педер“ оти ќе ти се здаде одделението за писменост на Зоран Трајчев