Велат Православието е патот и спасот, а фактот што светската влада во сенка работи на негово систематско уништување преку атак врз православните земји и народи и целосно рушење на нивните традиционални вредности, говори доволно за неговата сила и моќ.Според поранешниот републикански кандидат за претседател на САД, конзервативецот Пат Бјукенен, Западот стана Гомора, а Путин го спреведува божјиот план.
„Путин цврсто го зари знамето на Русија на страната на традиционалното христијанство. Многу евро-атлантски земји се оддалечија од своите корени, а меѓудругото и од христијанските вредности. Водат политика која што ги изедначува семејството со повеќе деца со хомосексуалните бракови, вербата во Бог со вербата во Сатаната. Ова е патот кон пропастот. Владимир Путин знае точно што прави”, напиша Бјукенен во една од своите колумни, додавајќи дека рускиот претседател се бори против хомосексулната пропаганда, против абортусот по третиот месец на бременоста и негова раклама, а се залага за забрана за навредување на верските чувства.
Каква врска има ова со Македонија ? Има и тоа многу. Затоа што нашата татковина е преполна со слуги и платеници на оваа сатанистичка идеологија.
Затоа, не треба да изненадува тоа што соросовата багра и кај нас е подготвена да се тепа за да спречи изградба на црква или реклама против абортус. Не случајно истата таа багра води агресивна анти-христијанска кампања, класифицирајќи ги православните верници како прости и заостанати, наспроти нив, модерниве. Не е случајно ни тоа што токму под капата на Сорос во Македонија се издаваат и промовираат атеистички книги со одвратни наслови. Исто како што не е случајно тоа што соросоидите во континуитет се исмеваат на македонските традиционални вредности и достигнувања и тоа што Заев бара да си ја свиткаме кичмата за името и идентитетот. Ниту пак е или може да биде коинциденција тоа што македонската престолнина пред “Скопје 2014” та беше преполна со сатанистички објекти, изградени и позиционирани со конкретна цел – крадење на енергијата на народот. Оти наспроти грабежот на народот во материјална смисла, СДСМ и нивните претходници се докажани и како успешни манипулатори на енергетско ниво, во езотеријата познати и како енергетски вампири или паразити.
Зошто Путин не се обиде да направи “Пуч” во Македонија? Зошто Русија не ги вадеше терористите од Арачиново со автобуси? Зошто Кондолиза Рајс и Хавиер Солана во 2001 ва, а не руските функционери, одеа да прават притисок во Украина за да не доставува оружје на Македонија? Некои прашања навистина не заслужуваат одговор. Но, заслужува да се потсетиме на фактот дека во 2001 ва, за време на прославата на годишнината од украинската независност во Киев, гостин беше покојниот претседател Борис Трајковски и тоа рамо до рамо со руската делегација предводена од Путин. Фактот што македонскиот претседател се појави на прославата на независноста на земја со која дотогаш имавме релативно мал контакт, беше симболика сама по себе, а присуството на Путин пак, според многумина, беше показател дека Украина и Русија имаат иста позиција во однос на конфликтот во Македонија. Со оглед на притисоците од Западот, воената соработка со Македонија може да продолжи само со поддршка на Русија, децидна беше тогаш украинската страна.
„Ставањето притисок на Украина за да престане да и’ доставува оружје на Македонија е апсолутно недозволиво. Ова не е ништо повеќе од империјалистичка американска политика, политика која што ја спроведуваат луѓе кои што се навикнати да бидат послушани секаде и секогаш”, изјави тогаш Владимир Маленкович кој што се наоѓаше на чело на комисијата за граѓанско општество, под надлежност на украинскиот претседател. Зборувајќи за посетата на шефицата на американската дипломатија Кондолиза Рајс на Украина и нејзиниот притисок за запирање на доставата на оружје за Македонија, Маленкович откри дека таа демонстрирала “тотално диктаторска реторика, во која што доминирале закани и бесконечни шпекулации за слободата на говорот и човековите права”. Запрашан за тоа дали средбите со Рајс и престојната посета на Солана може да се гледа како обид за пристикање на Украина да ја смени својата надворешна политика кон Македонија, Маленкович одговори потврдно, нагласувајќи дека начинот на кој што Рајс и американскиот амбасадор во Киев се однесуваат кон една суверена земја, обидувајќи се да му кажат на народот како да живее, е недозволив.
Петнаесет години подоцна, партнерите на свежиот странски платеник Заев успешно ја завршија операцијата пуч во Украина осигурувајќи се дека Киев и Москва нема да имаат заедничка позиција за било што во скора иднина. Па сега на ред дојде и Македонија. Но, Македонија не е Украина, ниту 2001 ќе се повтори во 2015 та. Присебната реакција на сите македонски граѓани по масакрот кај Смилковско езеро, изведен во препознатливиот стил на “борците за демократија во светот” со цел да предизвика меѓуетнички конфликт, беше испит што македонското општество успешно го положи. Залудно соросовите слуги во Македонија се обидуваа да долеат масло во огнот, повикувајќи на протести во знак на поддршка за осудените во “Монструм”. Кај народот монструозните агенди очигледно веќе не поминуваат. Парите што Сорос ги фрла за специјални обуки на новинари со цел маргинализирање на ефектите од радикалниот Ислам, кај мнозинството македонски граѓани не вродија со плод.
Семето на сатаната ги оплодува само оние со флексибилни кичми. Поволна почва за раст наоѓа само кај оние кои што се подготвени да продадат и име и знаме и просперитет и територија, но и родената мајка и деца на секој што ќе ги плати за тоа. За колку пари нашиве пучисти ја продаваат иднината на своите деца и споменот на нашите предци, останува да видиме. А додека чекаме рускиот гас да потече во Македонија, македонската публика и натаму ќе ја користи ретката можност од првите редови да следи уште една драма со пресметката на Давид и Голијат, иако крајот на сите ни е однапред познат, затоа што доброто секогаш и без исклучок го победува злото.
Марија Котовска
Извор: НетпресСпоред поранешниот републикански кандидат за претседател на САД, конзервативецот Пат Бјукенен, Западот стана Гомора, а Путин го спреведува божјиот