Колку чини името?

70.000 евра, 100.000 фун­ти или ед­на ми­ли­јар­да до­ла­ри? Кол­ку чи­ни име­то? Очиг­лед­но, „це­на­та“ се ме­ну­ва во за­вис­ност од Ма­ке­до­нец до Ма­ке­дон­че. За не­ко­го е бес­це­не­то, за не­ко­го, пак, вре­ди мно­гу мал­ку. За жал, за еден дел од лу­ѓе­то во Ма­ке­до­ни­ја, име­то е и до­бра от­скоч­на шти­ца за по­ли­тич­ка ка­ри­е­ра, ко­ла­те­рал­на ште­та на мож­но­ста за вла­де­е­ње. Гле­да­но од стра­на, опо­зи­ци­ска­та бур­ле­ска има сил­ни еле­мен­ти на на­уч­на фан­та­сти­ка. Са­мо та­му мо­жат да се слу­чу­ва­ат ва­кви не­ре­ал­ни и не­ло­гич­ни дејс­тва…Ма­ке­до­ни­ја до­би уште еден ен­дем­ски вид по­ли­ти­ча­ри. Ста­на единс­тве­на­та зем­ја во све­тот во ко­ја до­маш­ни­те по­ли­ти­кан­ти за да ста­нат по­ли­ти­ча­ри тр­гу­ва­ат ни по­мал­ку ни по­ве­ќе, ту­ку со име­то на др­жа­ва­та?! Уни­кат­но­ста на зем­ја­та ја до­пол­ну­ва и па­за­ре­ње­то со на­ци­о­нал­но­ста, но и фа­ктот де­ка во неа се ста­ну­ва ли­дер на опо­зи­ци­ја со ан­ти­на­ци­о­нал­но дејс­тву­ва­ње, а ме­ра за ус­пеш­но­ста и за по­доб­но­ста за функ­ци­ја­та прет­ста­ву­ва сте­пе­нот на ела­стич­ност на ли­де­ро­ви­от ’рбет. Кол­ку што е не­го­ва­та „кич­ма“ по­е­ла­стич­на и по­до­бро се ви­тка, тол­ку по­ве­ќе сим­па­тии ќе освои од стран­ци­те, а таа „сим­па­ти­ја“ е сраз­мер­но про­пор­ци­о­нал­на со по­мо­шта (чи­тај сним­ки) што исти­от тој лик ќе ја до­бие од нив за да дој­де на власт. По ова сле­ду­ва од­дол­жу­ва­ње­то кон до­бро­де­те­ли­те, а крај­ни­от ре­зул­тат е поз­нат… Во све­тот свит­ли­во­ста на ’рбе­тот е доб­лест за ра­бо­та во ста­ри­от, до­бар цир­кус, а во Ма­ке­до­ни­ја пре­дис­по­зи­ци­ја за рол­ја во со­вре­ме­ни­от опо­зи­ци­ски цир­кус. Се­ка­ко, ова тре­ба да е во ва­ши­те ге­ни, за­чи­не­то со вро­де­на по­низ­ност кон ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, а со тоа и кон ал­бан­ски­от блок пар­тии и сла­бост кон те­ри­то­ри­јал­ни по­дел­би, из­ме­ќар­лак, ме­ну­ва­ње на­ци­о­нал­ни сим­бо­ли пред све­тот и до­маш­на осу­да на каз­ни за ху­ли­га­ни што кр­шат су­до­ви по­ра­ди пре­су­ди за те­ро­ри­сти што уби­ва­ат мом­чи­ња на Ве­лиг­ден.
И до­де­ка ед­ни тр­гу­ваа со име­то и со на­ци­о­нал­но­ста, во­оп­што не би би­ло чуд­но, исто­вре­ме­но, дру­ги да тр­гу­ва­ле со ја­зи­кот, тре­ти со те­ри­то­ри­ја­та, че­твр­ти, пак, со ма­ке­дон­ски­от воз­дух, ма­кар и за­га­ден. Кол­ку да се про­да­ва не­што, не­ли, са­мо да е ма­ке­дон­ско. Во оваа зем­ја одам­на ни­што не се иск­лу­чу­ва, осо­бе­но имај­ќи пред­вид де­ка сме све­до­ци на свет­ска пре­ми­е­ра – па­зар со име­то, во­ден од са­мо­бен­ди­са­ни­от „па­три­от“, кој се оби­де на оваа кар­та да би­де ка­та­ли­за­тор во по­бе­да­та на СДСМ врз ВМРО-ДПМНЕ во 2011 го­ди­на. Којз­нае ка­ко ќе се ви­кав­ме до­се­га…
Ре­цеп­тот на то­гаш­ни­те „па­три­о­ти“, из­ме­ша­ни со „др­жа­во­твор­ци“, ба­рем за нив, бил ед­но­ста­вен, ја­сен и од­ли­чен. Бо­шков­ски тре­ба­ло до­бро да „на­га­зи“ и да ги ќа­ри не­за­до­вол­ни­те, ви­стин­ски па­три­о­ти и да ги до­да­де на сме­тка­та на СДСМ, се­ка­ко, се­то тоа естет­ски „про­ша­ра­но“ со по не­кој но­ви­нар од ер­ге­ла­та на Рам­ков­ски. А це­ли­от тој мар­ке­тинг и фи­нан­сии за ус­пеш­на пре­зен­та­ци­ја на лаж­на­та при­ка­ска, обез­бе­де­ни со „са­мо“ ед­но име. Проб­ле­мот на­ста­на и во сла­би­от иму­ни­тет на на­па­те­ни­те „др­жа­во­твор­ци“ од тол­ку го­ди­ни безв­ласт­ност, кои по­ра­ди тоа се за­ра­зи­ја од „па­три­о­тиз­мот“ на нив­ни­от „обе­ди­нет“ парт­нер. Та­ка, тие вле­гоа во са­мо­за­мис­ле­на, „па­три­от­ска“ ми­си­ја за спас на др­жа­ва­та од ре­жи­мот, кој, ре­ал­но, не по­сто­е­ше, освен во нив­ни­те гла­ви. Неј­се што не им „сто­е­ше“ да спа­су­ва­ат не­што, ма­кар и та­тко­ви­на­та, ко­ја во мо­мен­тот има­ше по­тре­ба од сѐ – ра­бот­ни ме­ста, ин­ве­сти­ции, влез во НАТО, па­ти­шта, да­тум за пре­го­во­ри со ЕУ, по­до­бро обра­зо­ва­ние, но не и од нив­на­та бо­жес­тве­на или стран­ска ин­тер­вен­ци­ја, ко­ја ја од­да­ле­чи иста­та таа та­тко­ви­на од си­те ви­стин­ски по­треб­ни не­шта.
Отскочна штица наречена име?!
При пре­зен­та­ци­ја­та на сним­ки­те од „Јут­јуб“ , за кои „не­за­вис­ни­те“ пер­а диг­наа вре­ва са­мо за по­тек­ло­то, за­не­ма­ру­вај­ќи ја це­лос­но нив­на­та скан­да­лоз­на и бе­срам­на со­др­жи­на, на­ро­дот се пра­ша ед­на ра­бо­та. Зар го про­дал име­то за 70.000 евра? Или за сто? Ова бе­ше ос­нов­ни­от му­а­бет што се вр­те­ше по ма­ке­дон­ски­те ко­о­пе­ра­ции и по­ши­ро­ко. Лу­ѓе­то не мо­жеа да сфа­тат кол­ку ни­ско пад­нал Бо­шко­ски, но за­бо­ра­ваа на ед­на ра­бо­та. Овие ре­ла­тив­но ма­ли су­ми беа са­мо влог во не­што мно­гу, мно­гу по­го­ле­мо. Име­то бе­ше са­мо „от­скоч­на шти­ца“. Со до­би­е­ни­те па­ри од Гр­ци­ја се тра­си­ра­ше па­тот кон до­би­ва­ње на вла­ста, ко­ја по­греш­но ко­ри­сте­на но­си ми­ли­о­ни. Овој мо­тив го спо­де­лу­ваа и не­го­ви­те „др­жа­во­твор­ни“ парт­не­ри, факт што ја оправ­ду­ва нив­на­та ма­ка и жел­ба за вла­де­е­ње. При­ме­рот за „до­хо­дов­но­ста“ на вла­де­е­ње­то го има­ат кај сво­и­те прет­ход­ни­ци од пар­ти­ја­та, кои имаа чест да вла­де­ат 15 го­ди­ни. И да ги пар­ти­зи­ра­ат судс­тво­то, обра­зо­ва­ни­е­то, по­ли­ци­ја­та и це­ла­та ад­ми­ни­стра­ци­ја. Во ме­ѓу­вре­ме, ар­гу­мен­ти­те за „до­хо­дов­но­ста“ на вла­де­е­ње­то се оче­ку­ва­ат од швај­цар­ска­та ХСБЦ. Мож­но­ста се­то тоа да се на­пра­ви по­втор­но, по це­на на „са­мо“ ед­но име, не­ко­му и не изг­ле­да­ла страш­но. За­мис­ле­те ја са­мо ид­на­та ди­мен­зи­ја на се­гаш­ни­те тен­де­ри и ки­рии? И се­то тоа под пре­ве­зот на бо­жем­на бор­ба за де­мо­кра­ти­ја.
Повеќе на Република.мкМа­ке­до­ни­ја до­би уште еден ен­дем­ски вид по­ли­ти­ча­ри. Ста­на единс­тве­на­та зе

Пронајдете не на следниве мрежи: