Бриселскиот Исус не го послуша гласот Македонецот да дојде во Македонија и наместо десет ни испрати само три заповеди

Колумна на Горазд Росоклија.Читам, Исус, не оној бетлеемскиот туку бриселскиот, не го послушал гласот на Македонецот да дојде во Македонија, туку слетал на 80 км од нас, и од таму ни порачал да сме послушни. Едните да ги слушале другите, другите првите, а сите заедно да го слушале него. Послушните меѓу нас почнаа да ги интерпретираат и неговите зборови и неговото неслетување и погледот и насмевката.
Што да кажам сем дека сум потресен! Фуле или Филе, повеќе не ми го сака народот, уморен е од нас?
Пред да ни ги испрати трите заповеди, читав, кажано во форма на закана дека: ,,ЕУ, [тие со фалсификувани докторати (Шацимаркакис); и со една година факултет и 5 години комунистичка индоктринација во СССР (Филе/Фуле)], како крем де ла крем на бриселската интелектуално културна демократска елита, биле уморни од нашето тврдоглаво одбивање да извршиме колективно национално самоубиство, за како Феникс да воскреснеме во уште понова, поубава, повредна и тотално без мани нација, со чичка ново име, и од умореност ќе кренеле раце од нас, оставајќи не без нивната родителска грижа.“
Читам (само насловот затоа што се изначитав) дека експертот за раноградинарски култури, пиперки и домати, припадник на македонската средна класа, изложил план за смена на од народот што континуирано греши, избраните.
Читањето ме натера на размислување!
ЕУ нема никаква врска со мојот татко Блаже Росоклија од село Галичник, освен што цел живот ја сакаше Франција, заради сЕ и сешто, од француската револуција и демократија, преку француската книжевност и филозофија, до Андре Малро како синоним за интелектуалец, сметајќи не нас, мене и моите другари, за примитивци кои еден ден, на негово најголемо разочарување, ќе се стекнеме со факултетски дипломи.
Тој мој татко, ме учеше дека само родителите не сакаат безусловно, без оглед дали сме добри или лоши, послушни или непослушни. Инаку, кај нас дома, непослушноста беше сметана за вредност на личноста, а послушноста, како карактерна особина на партиските војници, и не беше вредна за разговор.
Јас тогаш мислев дека и жената што ја сакам, ќе ме сака без било какви услови. Викаат надежта умира последна, се разбира доколку ние не избрзаме. Приказната за потрагата по љубовта и по загубеното време ја оставам за друг пат.
За денешнава приказна, според мојот татко, штом излеземе од дома, секое сакање треба да го заслужиме со нашето правење за луѓето.
И кога ЕУ ни се заканува дека ,,ќе престане да не сака“, дали размислува што е тоа што во последниве сто и кусур години, тоа европско ,,сакање“ ни го дало нам, на Македонците, за да тагуваме што повеќе нема да бидеме сакани од нив?
Садизмот на поединецот, но и садизмот на институциите кон луѓето, што значи и ЕУ садизмот, е девијација која се учи во психопатологијата на личноста како девијација која можеме да се обидеме да ја лекуваме но не и да ја излекуваме. Може да се потисне, може привремено да се стави под контрола, но не исчезнува, особено ако може да се применува неказнето.
А Македонија, со политички елити без лично и без национално достоинство, стана поле за изживување на секоја глуперда која живее макар на 100 метри надвор од македонските граници. Кој се не дојде и кој се не ни даде памет, да бидеме паметни и храбри, при што националното предавство да ти бил единствениот критериум и за памет и за храброст!
Се прашувам со кои ли идиоти од Македонија комуницираат Шацимаркакисите и Филевците/Фулевците, ако веруваат дека можат да ни продадат ваква малоумност?
Европа низ целата историја на своето постоење, преку односот на европските држави едни кон други, како и кон сопствените народи, а пред сЕ во нејзиниот однос кон помалите и послабите, се однесува со садизам при што Холокаустот е само врвот на сантата мраз.
За еден народ да го прифати таквото однесување кон себе, треба да страда од колективно лудило со доминација на мазохистички потреби.
Ние Македонците сме покажале трпеливост, истрајност, способност да преживееме на сопственото огниште и кога не набивале на колец, и кога со цветот на народот сме плаќале данок во крв, и кога најбрилијантните интелектуалци, заради теророт врз нив, ја напуштале Македонија и ги описменувале, просветувале и просветлувале околните народи кои денес го негираат нашето право на национално постоење.
Ако ,,Европјаните“ од Брисел, мислат дека набивањето на колец ни причинува мазохистичко задоволство за врз нас да ги изживуваат своите садистички пориви, ќе останат разочарани.
Македонските мочковци околу нив, оние со кои тие комуницираат и врз основа на чие однесување и ,,мислења“ изведуваат заклучоци за македонското општество и за сите нас, се само тоа, мочковци какви што има секој народ, а со какви што седиштето на ЕУ во Брисел е преполно, дојдени од сите страни на Европа, регрутирани според критериумот на послушност.
Истиот тој мој татко, Блаже Росоклија, сметаше дека едукацијата е не само највредното што една личност може да го стекне, туку и единствената вредност која ниту еден систем не може да ви ја одземе.
Дали треба да мислам дека ЕУ не го знае ова? Не знае како се гради една личност, како се градат вредостите на нацијата и на земјата преку вградување трајни вредности во жителите на таа земја?
Општествата не се менуваат со декрети и со промена на законите, уште помалку со европските закани, туку со едукација на населението, како и со слободна комуникација и размена на идеи. Но, таа Европа што сака нас да не менува, македонските студенти ги третира како не европски и им бара атсрономски школарини како би им ги отворила своите универзитети.
Ако тие во Брисел го знаат сето ова, и ако ни мислат добро, и ако сакаат да е македонското општетство со вредностите кои тие ги декларираат а најчесто ги немаат, зошто не не испраќаат на школување? Не еден или десет, зошто не ги отворија нивните универзитети за илјадници македонски студенти?
Замислете секоја од тие европски земји да школуваше стотина Македонци годишно? Не само македонското општество, тие млади луѓе ќе ја сменеа Европа.
Една интелигентна бомба чини $1.5-$2 милиони долари.
Се што барам(е) е, наместо да ја фрлат, таа една бомба секоја година да ни ја дадат нам за едукација на младите Македонци.
Тогаш, ,,dr-sci“ Шацимаркакис и во СССР,,едуцираниот“ Филе ќе станеа излишни. А во Брисел, сите се или такви или полоши.
И така се затвора кругот, ние не сакаме да извршиме колективно национално смоубиство, Филевците и Шацимаркакисите не сакаат да се самоукинат.
Евреите се воспитуваат врз приказната за Давид и за Голијат, и низ целата историја, иако биле во улогата на Давид, излегувале како победници.Читам, Исус, не оној бетлеемскиот туку бриселскиот, не го послушал гласот на Македонецот да дојде во Македонија, туку слетал на 80 км од нас, и од

Пронајдете не на следниве мрежи: