Колумна на Горан Момироски: Виолетови анкети и розови очила

Све­тот, осо­бе­но не­го­ви­от по­ли­тич­ки дел, низ исто­ри­ја­та ви­дел мно­гу цр­ни из­бор­ни кам­па­њи. Кол­ку што ри­валс­тво­то ме­ѓу нај­сил­ни­те по­ли­тич­ки пар­тии е по­го­ле­мо тол­ку кам­па­њи­те се по­вал­ка­ни. Кол­ку што го­ди­ни­те во опо­зи­ци­ја се по­дол­ги тол­ку гне­вот и жел­ба­та да се по­бе­ди кај тие што гу­бат се по­го­ле­ми. При­тоа, ка­ко во све­тот, та­ка и кај нас из­вр­ту­ва­ња­та се по­пер­фид­ни, на­па­ди­те се по­мал­ку ар­гу­мен­ти­ра­ни, ла­ги­те се по­соч­ни, а ве­ту­ва­ња­та се по­ша­ре­ни. И иа­ко све­тот ви­дел сѐ и се­што, се­пак последна­та из­бор­на кам­па­ња во ма­ке­дон­ски­те из­бо­ри има што да до­да­де ка­ко ориги­нал­на из­мис­ли­ца на свет­ска­та на­у­ка за од­не­су­ва­ње за вре­ме на из­бор­на тр­ка.Пр­ва­та при­до­би­вка што ја да­ва­ат ма­ке­дон­ски­те из­бо­ри за гло­бал­на­та по­ли­тич­ка нау­ка е тоа што ако не­кој ре­ши да ја сле­ди ма­ке­дон­ска­та пра­кти­ка, при­стој­ни­те анке­ти ќе ис­чез­нат од из­бор­на­та кам­па­ња. За раз­ли­ка од пред три го­ди­ни, ко­га, и тогаш на пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, еден ме­сец пред из­бор­ни­от ден се по­ја­ви­ја 10 раз­лич­ни ан­ке­ти од раз­лич­ни ин­сти­ту­ции, ин­сти­ту­ти и истра­жу­вач­ки центри, се­га са­мо три аген­ции об­ја­ви­ја ан­ке­ти за рас­по­ло­же­ни­е­то на на­ро­дот.
Ако во 2011 го­ди­на со свои ан­ке­ти из­ле­гоа „Ди­ми­три­ја Чу­пов­ски“ , Ин­сти­ту­тот за демо­кра­ти­ја „Со­ци­е­тас ци­ви­лис“, „Про­грес“, ИПИС, „Реј­тинг“ , „Па­вел Ша­тев“ , „Либерта“, „Бри­ма га­луп“, Ин­сти­ту­тот за со­ци­о­ло­шки и по­ли­тич­ко-прав­ни истражувања и сло­ве­неч­ки­от ИФИМЕС, се­га при­каз­на­та (ба­рем до мо­мен­тот ко­га се за­тво­ра не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“, се све­де на три ан­ке­ти, Ин­сти­тут за по­ли­тич­ко истра­жу­ва­ње од Скоп­је на Вла­ди­мир Бо­жи­нов­ски, кој е ос­по­ру­ван од опо­зи­ци­ја­та, и Ин­сти­ту­тот „Ди­ми­три­ја Чу­пов­ски“, ка­ко и ан­ке­та­та, од­нос­но прог­но­за­та на аген­ци­ја­та „Реј­тинг“.
Си­те дру­ги ре­ши­ја де­ка е по­до­бро да не се сра­мат ка­ко во 2011 го­ди­на. Ана­ли­за­та на Ма­ке­дон­ски­от цен­тар за ме­ѓу­на­род­на со­ра­бо­тка на ан­ке­ти­те на­пра­ве­ни пред избо­ри­те пред три го­ди­ни нај­до­бро по­ка­жу­ва зо­што бро­јот на аген­ции се на­ма­лил за две тре­ти­ни во спо­ред­ба со ми­на­ти­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри. Гре­шки­те што беа напра­ве­ни то­гаш се тол­ку го­ле­ми што ду­ри и на нај­твр­до­кор­ни­те пар­ти­ски ин­сти­ту­ти им е срам да из­ле­зат со се­ри­оз­ни јав­ни твр­де­ња за реј­тин­гот. На нив­на жа­лост, марги­на­та на гре­шка во свет­ска­та на­у­ка не мо­же да се рас­тег­не до фан­та­стич­ни 10 про­цен­ти, кол­ку што по­гре­ши­ја не­кои од аген­ци­и­те.
Но, за раз­ли­ка од спе­ци­ја­ли­зи­ра­ни­те аген­ции, ин­сти­ту­ти што сфа­ти­ја де­ка не мо­жат дол­го да ја за­ма­ју­ва­ат јав­но­ста со лаж­ни ре­зул­та­ти од ан­ке­ти, дел од ме­ди­у­ми­те ја пре­зе­доа нив­на­та ма­ни­пу­ла­тив­на функ­ци­ја и се оби­доа со не­по­стој­ни ан­ке­ти да вли­ја­ат на ре­зул­та­тот на из­бо­ри­те.
Па, та­ка во ана­ли­те на свет­ска­та глу­пост ќе оста­нат ан­ке­та­та на из­вес­на ЦИГ, според ко­ја Пен­да­ров­ски во­ди со 30 про­цен­ти во од­нос на Ива­нов, ко­ја бе­ше објавена од ме­ди­у­ми што по­сто­ја­но го­во­рат за про­фе­си­о­нал­ност и об­ви­ну­ва­ат де­ка пров­лади­ни­те ме­ди­у­ми из­вр­ту­ва­ат ин­фор­ма­ции. За да би­де не­дос­лед­но­ста поголема, во иста­та ан­ке­та се на­ве­ду­ва­ше де­ка Пен­да­ров­ски ќе освои 380.000 гласо­ви, а Ива­нов 320.000, што ни од­да­ле­ку не е 30 про­цен­ти раз­ли­ка.
Се раз­би­ра, по из­бо­ри­те во 2011 го­ди­на, ко­га дој­де до кул­ми­на­ци­ја на зло­у­по­тре­ба на ме­ди­у­ми­те за пар­ти­ски по­тре­би и ко­га беа по­ста­ве­ни те­ме­ли­те на де­неш­ни­от начин на функ­ци­о­ни­ра­ње на ме­ди­у­ми­те и на нив­ни­те по­ли­тич­ки мен­то­ри, ве­ќе ништо не мо­же да нѐ збу­ни и из­не­на­ди на ова по­ле. Се­пак, ду­ри и во тол­ку мно­гу заtру­е­на ат­мо­сфе­ра, на­ви­сти­на, е ка­та­стро­фал­но ко­га ме­ди­у­ми­те ци­ти­раа ан­ке­та на „ре­но­ми­ра­на“ аген­ци­ја со кра­тен­ка ЦИГ за ко­ја ни­кој жив не знае кое е це­лос­ни­от на­зив ни­ту, пак, не­кој знае ко­ја е таа и што дру­го ра­бо­те­ла во зем­ја­та. Не­ма ни­ка­кви ин­фор­ма­ции ни­ту за из­вес­на­та ди­ре­ктор­ка за Ма­ке­до­ни­ја, Ана Кан­га, ко­ја ја не­ма во ни­е­ден ре­ги­стар на аген­ции или ор­га­ни­за­ции ни­ту, пак, та­кво име во­оп­што мо­же да се срет­не на свет­ска­та мре­жа. Уште пос­меш­но бе­ше ци­ти­ра­ње­то на ано­ним­на­та аген­ци­ја „Паб­лик ин­вест кон­сал­тинг“ (Public Invest consulting), ко­ја со 97-про­цент­на точ­ност ги прог­но­зи­ра­ла из­бо­ри­те во САД, а ин­фор­ма­ции за неа, до­кол­ку во­оп­што по­стои, не­ма ни­ка­де на ин­тер­нет.
За точ­но­ста на ре­зул­та­ти­те на до­се­га об­ја­ве­ни­те ан­ке­ти на ИПИС, „Реј­тинг“ и на „Ди­ми­три­ја Чу­пов­ски“ ќе по­че­ка­ме до 13 од­нос­но 27 април. Но до­кол­ку се ви­ди компа­ра­тив­на­та ана­ли­за на МЦМС на­пра­ве­на по ју­ни 2011 го­ди­на, то­гаш нај­го­лем дел од аген­ци­и­те, со­се­ма му­дро, ре­ши­ле ве­ќе да не се сра­мат и да се фа­тат за друга ра­бо­та.
Вто­ра­та ка­ра­кте­ри­сти­ка на оваа кам­па­ња и наш при­до­нес за свет­ска­та на­у­ка е обидот да се из­вр­тат ра­бо­ти што во­оп­што не се гре­шка во здра­во­то рас­у­ду­ва­ње, туку оби­чен лап­сус лин­гва или, пак, оби­дот од не­ко­ја ра­бо­та што е поз­на­та во светот, а кај нас е не­поз­на­та, да се исфа­бри­ку­ва, на­вод­но, ка­та­стро­фал­на гре­шка. Па та­ка лап­су­сот на пре­тсе­да­тел­ски­от кан­ди­дат Ива­нов во кој тој ка­жа де­ка Ши­рак е пре­тсе­да­тел на САД, иа­ко во иста­та ре­че­ни­ца ка­жа де­ка по не­го до­шол Сар­ко­зи, а пред тоа де­ка Ши­рак бил гра­до­на­чал­ник на Па­риз 20 го­ди­ни, со што јас­но ста­ви до зна­е­ње де­ка знае што збо­ру­ва, бе­ше упо­тре­бу­ван ка­ко нај­го­ле­ма гре­шка во со­вре­ме­на­та ма­ке­дон­ска по­ли­ти­ка што, мо­же­би, е ле­ги­тим­но во ва­ква зо­ври­е­на атмосфера, но не е ко­рис­но за­тоа што тие што го ши­рат овој бо­же­мен гаф и лу­ѓе­то на кои има­ат по­ли­тич­ко вли­ја­ние, ве­ќе се опре­де­ле­ни и има­ат став, тие зна­ат кој е за нив до­бар а кој не и, што е нај­важ­но, зна­ат де­ка се ра­бо­ти за ма­ни­пу­ла­ци­ја.
Уште по­го­ле­ма тра­ге­ди­ја е ко­га ток­му тие што се авто­ри на по­ли­тич­ко­то из­вр­ту­ва­ње не пре­поз­на­ва­ат очиг­лед­ни из­ја­ви да­де­ни од свет­ски поз­на­ти лу­ѓе, кои ги ко­ри­стат дел од до­маш­ни­те по­ли­ти­ча­ри. Та­ков бе­ше при­ме­рот уште пред две го­ди­ни, ко­га дел од опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми и акти­ви­сти из­ја­ва­та на пре­тсе­да­те­лот Ива­нов „ни­што не ус­пе­ва ка­ко ус­пе­хот“ ја прог­ла­си­ја за гаф, а по­тоа, отка­ко сфа­ти­ја де­ка згре­ши­ле и дека, ме­ѓу дру­ги­те, ја ко­ри­стел и ле­ген­дар­ни­от Мар­тин Лу­тер Кинг, но и ви­сок прет­став­ник на нив­на­та пар­ти­ја, ги трг­наа тек­сто­ви­те и на­вред­ли­ви­те ста­ту­си од соци­јал­ни­те мре­жи.
Слич­но е и со из­ја­ва­та на Ива­нов во Ро­сту­ше ка­де што ка­жа де­ка ни гос­под не мо­же да ги за­вр­ши си­те ра­бо­ти сам и де­ка тре­ба да му се по­мог­не. Ако не­го­ви­те критичари и тие што актив­но се оби­ду­ва­ат да му го ур­нат реј­тин­гот се по­тру­деа малку пове­ќе лес­но ќе про­нај­деа де­ка за по­тре­ба­та со сво­е­то од­не­су­ва­ње или поведе­ние да му се по­мог­не на Бо­га пи­шу­ва­ле и Ма­хат­ма Ган­ди, Мај­ка Те­ре­за, па ду­ри и еден од најв­ли­ја­тел­ни­те 25 лу­ѓе во пос­лед­ни­ве 25 го­ди­ни во САД, Ра­сел Симон.
Се раз­би­ра, јас­но е де­ка обич­ни­от чи­та­тел или гле­дач мо­же лес­но да се изманипули­ра со ва­де­ње од кон­текст на одре­де­ни мо­мен­ти од го­во­ри или јав­ни наста­пи и тоа го пра­ват си­те пар­тии се­ка­де во све­тот, но не­ве­ро­јат­но е ка­ко исти­те ин­те­ле­кту­ал­ци што са­ка­ат за­се­ко­гаш да би­дат во­деч­ки кре­а­то­ри на јав­но­то мис­ле­ње во зем­ја­ва не раз­би­ра­ат де­ка со сит­ни шпе­ку­ла­ции и из­вр­ту­ва­ња не мо­жат да ја сме­на­та го­ле­ма­та сли­ка во ко­ја ма­ли­те из­ма­ми не­ма­ат го­ле­ма уло­га .
Тре­та­та автен­тич­на ма­ке­дон­ска ино­ва­ци­ја на овие из­бо­ри се ка­дров­ски­те и естетски­те рам­ки на кам­па­ња­та на дел од пар­ти­и­те. Но­ви­те лу­ѓе на ли­сти­те на опози­ци­ја­та се до­бра иде­ја. Авто­рот на оваа ко­лум­на тоа го на­пи­ша уште пред три го­ди­ни и цвр­сто стои зад не­го, но са­мо до­кол­ку тоа се слу­чи на нај­мал­ку две–три годи­ни пред из­бо­ри за да мо­жат си­те но­си­те­ли на ли­сти­те и тие по нив да се подготват за се­ри­о­зен про­тив­ник ка­ко ВМРО–ДПМНЕ, кој има не са­мо власт и механиз­ми, ту­ку и огром­но искус­тво до­би­е­но во над­му­дру­ва­ње на по­ли­тич­ки­те против­ни­ци на кра­ток рок. Ќе ви­ди­ме ка­ко ќе функ­ци­о­ни­ра тоа во пра­кти­ка, на пример со но­си­те­лот на пр­ва­та из­бор­на еди­ни­ца Ре­на­та Де­сков­ска, ко­ја е релативно мла­да, не е вк­лу­че­на во тран­зи­ци­ски­от кри­ми­нал, а ко­ја, се­пак, има довол­но по­ли­тич­ко искус­тво ка­ко со­вет­ник на Бран­ко Цр­вен­ков­ски и ка­ко претставник на СДСМ во по­ве­ќе фо­ру­ми. Таа со сво­ја­та спе­ци­фич­на политичка тежи­на тре­ба да се со­о­чи со нај­по­пу­лар­ни­от по­ли­ти­чар во не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја. Де­сков­ска, ко­ја до­се­га да­ла са­мо де­се­ти­на из­ја­ви за јав­но­ста, ќе тре­ба да се су­дри со Гру­ев­ски, кој не­дел­но да­ва исто тол­ку из­ја­ви и тоа за те­ми за чиј­што ус­пех мо­же да се по­фа­ли де­ка е нај­зас­лу­жен. Де­сков­ска, за ко­ја го­лем дел од гра­ѓа­ни­те не слуш­на­ле, ќе за­ста­не нас­про­ти Гру­ев­ски, за кој збо­ру­ва­ат и де­ца­та на ули­ца. Советнич­ка­та на по­ли­ти­чар што се­га има ед­вај 1,3 про­цент реј­тинг ќе се спротивстави на по­ли­ти­чар што има 27-28 про­цен­ти до­вер­ба кај на­ро­дот. Крајно нерам­но­прав­на би­тка.
Со­се­ма дру­го би би­ло овој су­дир да се слу­чи по три-че­ти­ри го­ди­ни, отка­ко Де­сков­ска ќе по­ми­не се­ри­оз­но учи­ли­ште за јав­ни на­ста­пи, отка­ко ин­тен­зив­но и јав­но ќе зборува и за еко­но­ми­ја и за дип­ло­ма­ти­ја и за зем­јо­делс­тво и тоа во сто­ти­ци на­вра­ти на раз­лич­ни на­ста­ни. Отка­ко ќе тур­ка и ќе истур­ка­ла не­кој кру­пен про­ект од ја­вен интерес. Ко­га тре­ма­та и нер­во­за­та не­ма да би­дат дел од неј­зи­ни­от ја­вен на­стап. Вака ќе гле­да­ме са­мо не­рам­но­прав­на би­тка и тоа, пред сѐ, по зас­лу­га на вр­вот на СДСМ, кој не­ма­ше хра­брост да се су­дри гра­ди в гра­ди со сво­и­те со­пер­ни­ци. Во стилот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја сме­ни и пар­ти­ска­та бо­ја и тоа на са­мо не­кол­ку не­де­ли пред из­бор­но­то со­о­чу­ва­ње, со што на­пра­ви до­се­га не­ви­ден по­тег во свет­ски рам­ки. На са­мо еден ме­сец пред из­бо­ри опо­зи­ци­ја­та де­лум­но се ре­брен­ди­ра­ше и ме­сто во си­на­та, за­и­гра во ви­о­ле­то­ва бо­ја. Ка­ко се слу­чи да би­де из­бра­на оваа бо­ја, ко­ја до­се­га на свет­ско ни­во не ја ко­ри­сте­ла ни­ту ед­на се­ри­оз­на пар­ти­ја во ни­ту ед­на се­ри­оз­на зем­ја, зна­ат авто­ри­те на оваа естет­ска стра­те­ги­ја. Ако на ло­ши­от из­бор на бо­ја­та на про­гра­ма­та на СДСМ се до­да­дат и ста­ри­те из­бор­ни сло­га­ни, кои претходно ги ко­ри­сте­ле ток­му нив­ни­те нај­го­ле­ми по­ли­тич­ки ри­ва­ли, ќе дој­де­ме до си­ту­а­ци­ја, ко­ја те­шко мо­жат да ја об­јас­нат и нај­го­ле­ми­те те­о­ре­ти­ча­ри и пра­кти­ча­ри на политичка­та на­у­ка.
Извор: РепубликаПр­ва­та при­до­би­вка што ја да­ва­ат ма­ке­дон­ски­те из­бо­ри за гло­бал­на­та п

Пронајдете не на следниве мрежи: