КАКО НАЈБРЗО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ‘РЃАТА И ДАМКИТЕ НА КАДАТА

Многу домаќинки знаат што е ’рѓа и колку тешко таа се отстранува.Потребно е веднаш да се превземат мерки за решавање на тој проблем, бидејќи колку се дамките постари, толку потешко се отстрануваат.
 Наместо скапи и штетни хемикалии, можете да користите состојки кои ги поседува секоја домаќинка во својата кујна: тоа е винска киселина и сол.
 Од овие состојки се приготвува раствор за отстранување на темни дамки и ’рѓа од емајлирана када:
 -Во еден сад ставете 100 мл винска киселина и 2 супени лажици сол.
-Растворот се загрева во микробранова печка или на шпорет до температура од 60-70 степени.
 -Со добриениот раствор се пребришуваат дамките на кадата со помош на мека ткаенина.
 -Се остава да делува околу 15-20 минути.
 -Потоа се испира со топла вода.
 Процесот е многу ефикасен, ако го извршите на време. По потреба повторете неколку пати, едноподруго, а резултатот нема да изостане.
Ова е природен и безбеден начин за отстранување на ’рѓата и дамките од када.
 Од хемиски средства може да користите и обична солна киселина.
 Но, пред да ја нанесете на проблематичните делови, заштитете го деловите кои содржат хром, со најлонска кеса.
 Солната киселина се истура директно врз дамките и се остава еден час, па потоа тепелно се испира со поголемо количество вода
 Неопходно е да се запамти дека при чистењето, не смеете да користите остри сунгери и абразивни средства, бидејќи доаѓа до уништување на горниот, сјаен слој на кадата.Потребно е веднаш да се превземат мерки за решавање на тој проблем, бидејќи колку се дамките постари, толку потешко се отстрануваат.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: