четврток, 12 ноември 2026
Најново

КАКО ДА ИСПЕЧЕТЕ ПИПЕРКИ НА ШПОРЕТ СО РАМНА ПЛОЧА

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Современиот начин на живот, донесе и современа технологија. Полека но сигурно, старите шпорети со гусани/железни плочи, одат во историјата.Сите ние сакаме да ги ползуваме современите придобивки, но се потсетуваме и на старите добри вкусови. Еден од нив се печените пиперки, кои потоа можат да се претворат во еден куп народни специјалитети.
Доколку се наоѓаме на село, во некоја шупа сигурно ќе пронајдеме ќумбе на дрва за да ги испечеме пиперките, но, што доколку сме во урбана средина и притоа сме го замениле стариот шпорет на кој можеше да се испечат пиперки, со нов, со рамна плоча?
Има решение!
Многу едноставно. Се што треба да направите е да ја извадите решетката од релната на шпоретот и да ја поставите врз плочата. Сега, во зависност од количината на пиперки кои треба да ги испечете, одберете ја големината на ринглата која ќе ја вклучите.
Пиперките ќе бидат испечени брзо и рамномерно. Единствено што треба да избегнете е да ги стискате пиперките при печењето, за да не ја извалкаат плочата. Тоа сторете го по печењето.
Уживајте во традиционалните вкусовиСите ние сакаме да ги ползуваме современите придобивки, но се потсетуваме и на старите добри вкусови. Еден од нив се печените пиперки, кои потоа мо

Поврзани вести