Направете и подарете мартинка за среќа, во чест на месец март

Подарете малку среќа, спакувана во мартинка, изработена од волница во црвено-бела боја според стaрата македонска традиција Мартинки се рачно изработени декорации, најчесто белегзии и брошеви, за кои се верува дека дека носат среќа и здравје. Освен во Македонија, на први март мартинки се подаруваат во Србија, Бугарија, Грција и Романија.
Мартинките се подаруваат на Летник,  македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на први март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Токму затоа, Македонците ја сметаат Мартинката за знак на пролетта. Се прави  од црвена и бела боја, каде  црвената  ја симболизира крвта и љубовта, а белата асоцира на чистота и искреност.
Мартинката се подарува на први март, а најчесто бабите им подаруваат на своите внуци. Мартинката се носи на левата рака или закачена на облеката сè додека расцвета првото дрво, или според верувања  додека не ја видите првата ластовичка или првиот штрк. Потоа се закачува на дрво со желби за здравје за себе и за добро здравје на своите најблиски. Мартинки се рачно изработени декорации, најчесто белегзии и брошеви, за кои се верува дека дека носат среќа и здравје. Освен во Македонија, на први

Пронајдете не на следниве мрежи: