Сите странски државјани мораат да го напуштат овој град штом наполнат 60 години

Обединетите Арапски Емирати за разлика од многу држави ширум светот не нудат можност за долгорочно останување за странските државјани, без разлика на тоа колку би работеле и живееле таму. Поради тоа Абу Даби е како ниту еден друг град на светот. Во него живеат дури 80 проценти странци.
Во Обединетите Арапски Емирати можно е да се дојде со тригодишна работна виза, која ви овозможува да го доведете и брачниот партнер и малолетните деца. Кога ќе наполнат 18 години, синовите мора да најдат работа или да се запишат на некој факултет. Само неомажените ќерки може да останат со родителска виза и после полнолетството. 
За разлика од САД на пример, каде работните визи нудат можност за добивање постојан престој, евентуално и државјанство, во ОАЕ не постои долгорочна можност за останување на странските државјани.
Ако странски државјанин ја изгуби работата или дојде до периодот за пензија(во поголемиот дел од фирмите тоа е на возраст од 60 години), тој едноставно мора да ги напушти Емиратите, без разлика колку време живеел во таа земја, па дури и ако е роден таму.
Поради тоа бројни млади луѓе често се приморани да ги напуштат ОАЕ. За тоа се свесни уште од детствата, поради што никако не може да ги чувствуваат Емиратите како свој дом. Иако поминале добар дел или дури па и цело детство, иако оделе во исти училишта, се држеле за исти правила како и малобројното локално население, тие никогаш не се граѓани на таа земја, ниту некогаш ќе може да станат.
Тоа е причина поради која сите еднаш ја напуштаат оваа земја, а најдолго остануваат оние кои се приморани на тоа, кои „заглавиле“ во Емиратите, пишува Дибак Уникришнан во книгата „Temporary People“.
 Во него живеат дури 80 проценти странци.
Во Обединетите Арапски Емирати можно е да се дојде со тригодишна работна виза, која ви овозможува

Пронајдете не на следниве мрежи: