Две девојчиња заменети во болница ја дознаа вистината

Пред 39 години во болница во Молдавија медицински сестри поради забуна направиле страшна грешка кога две тогаш штотуку родени бебиња, девојчињата Валентина и Татјана, ги замениле и ги дале на погрешни родители.
 Сестрите, родените девојчиња ги помешале во текот на бањањето, а во месеците кои следуваа бебињата покажувале радразливост, немир и проблеми со исхраната, но нивните мајки мислеле дека се работи за типични болки кои ги мачат сите новороденчиња. Ни во сон не можеле да помислат дека нивните бебињата не се навистина нивни.
 
Во меѓувреме гласините сепак дошле до родителите на Татјана, но ниту тие сериозно не ги сфаќале се до 1999 година. Таа година, требало да се преселат во САД, а тогаш еден од соседите, кој ги познавал двете семејства, ја споменал приказната за замената и како девојчињата личат на своите прави родители.
Семејството на Татјана тогаш одлучило да го побара другото семејство пред заминувањето од земјата, но без успех. Секогаш кога би доаѓале назад во Молдавија, повторно се обидувале да дојдат до семејството за кое се сомневале дека ја има нивната биолошка ќерка.
Во август оваа година дошле до големо откритие кога соседот им го дал презимето на Валентина, па Татјана ја побарала на Фејсбук.
Полни 39 години од страшната збуна родителите се нашле и ги запознале своите биолошки ќерки.
 
Сестрите, родените девојчиња ги помешале во текот на бањањето, а во месеците кои следуваа бебињата покажувале радразливост, немир и проблеми со исх

Пронајдете не на следниве мрежи: