Џиновски глувци: Толку се големи што не можат да излезат од канта за ѓубре

Последниве години, инвазијата на глувци веќе не е вест во Шведска, но самата величина „Гуливер меѓу глувците“, кој е фатен во Гетеборг неизбежно разбуди големо внимание меѓу Швеѓаните, пишуваат медиумите.Во последно време, глувците се хранат со големи количини органски отапд кој го фрлаат жителите на големите градови во Шведска, што е голем проблем и во вториот по големина град Гетеборг.

Фотографијата која стана фит на интернет, ја направила чуварка на паркинг Мартина Густафсон, која го открила овој џиновски глушец. Според нејзините зборови, таа и нејзиниот колега виделе две птици кои се тепаат за нешто. Кога се приближиле, се шокирале од призорот на мртвиот голем глушец, биле згрозени.
Глушецот е пронајден во близина на казино во центарот на Гетеборг. Мартина вели дека толкави глувци не се ретка глетка.

-Израснале во нешто застрашувачко, делимично поради тоа што копаат сегде, но и затоа што луѓето почнаа да фрлаат куќно ѓубре во нашите канти. Гледаме и луѓе од рестораните како фрлаат остатоци од храна, така што не е чудо што овие глувци се повеќе растат, изјавила Мартина Густафсон за шведскиот дневник Експресен.
Густафсон вели дека еднаш видела уште поголем глушец како јаде во канта за ѓубре пред сендивачара.
-Опашка му се заглави, беше толку дебел што не можеше да излезе од кантата. Морав да го отворам капакот и тој избега, кажа таа.
Воден глушец
Хакан Раистранд од меѓународната компанија на ваков тип на животни „Антицимекс“ бил шокиран од фотографијата која кружи на социјалните мрежи. Експертот за глувци Јан Југерстам. смета дека тоа би можел да биде огромен воден глушец.
-Се шикирав, но истовремено ми беше тешко да поверувам во тоа. Не велам дека фотографијата е лажна, но тоа изгледа поголемо поради начинот на кој е фотографирано, изјави Хакан  Раистранд.
Шведското семејство Бенгтсон Корсас од градот Солна во 2014 стекна национална слава откако фатија 39,5 сантиметри долг глушец, кој успеал да направи тунел од подрумот до куќата, низ дрво и бетон, а тој успеал и да преживее замка за глувци.
Покрај тоа, Ристранд призна дека бројот на глувци нагло пораснал во последната деценија, помеѓу останатото и благодарејќи на навиките на жителите на оваа земја.
Бројот зголемен за 67 проценти
-Хранењето на птиците е голем проблем, посебно се проблематични луѓето кои фрлаат пакети со храна за птици или семки од сончоглед. Глувците ги јадат остатоците, тврди Ристранд.
Во меѓувреме, пораст на бројот на урбани глувци е забележан во нордиските земји. Во 2013 година „Антицимекс“ спроведе 30.350 санитарни акции против глувци и до тогаш нивниот број е спроведен за 67 процентиВо последно време, глувците се хранат со големи количини органски отапд кој го фрлаат жителите на големите градови во Шведска, што е голем проблем

Пронајдете не на следниве мрежи: