Една река во Колумбија претставува вистински природен феномен кој со години ги воодушевува локалните жители, но и туристите ширум светот кои доаѓаат за самите да се уверат во нејзината убавина.Имено, реката Кањо Кристалес е специфична по тоа што во неа можете да ја видите жолтата, зелената, сината, црната, а најмногу црвената, а се тоа го “произведува“ билка која е на дното (Макарениа клавигера)
Секој човек различно за доживува, па затоа таа има и доста имиња како на пример „Река од пет бои“, „Река која побегнала од рајот“ и секако „Најубавата река на светот“.
Она што е интересно, во поголемиот дел од годината воопшто не се разликува од било која друга река на светот. Многу камења прекриени со некаков вид на мов, која досадно тече во ист смер.
Но, во еден краток период секоја година, кога времето е баш вистинско(помеѓу врнежливата и летната сезона) таа како да оживува и експлодирува со многу бои кои едноставно изглеадаат неверојатно. Во тоа можете и самите да се уверите од фотографиите.
Таа долго била затворена за туристите поради многу герилски единици кои биле активни во тој регион, како поради загриженоста какво влијание би имал надворешните фактори како туристите и што би можеле од неа да направат.
Од 2009 година таа е отворена за туристите и полека го зазема едно од главните места во брошурите на колумбиските туристички агенции.
Еве како изгледа Макарениа клавигера:
Имено, реката Кањо Кристалес е специфична по тоа што во неа можете да ја видите жолтата, зелената, сината, црната, а најмногу црвената, а се
Пронајдете не на следниве мрежи: