четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во ресторанот ѝ потврдиле дека служат веганска храна – но еве што ѝ донеле во чинијат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Многумина не се разбираат во веганскиот начин на исхрана, но овој ресторан во Шпанија целата работа ја издигнал на едно сосема ново ниво.Кога Gabbie Javis, модна блогерка и нејзината сестра Џорџина од Лидс тргнале на вечера за време на нивниот летен одмор во Фуенгриола, недалеку од Малага, биле прилично оптимистички настроени. 
Џорџина, која е веганка веќе три години, нарачала веганска пица без сирење, но келнерот ѝ објаснил дека тестото за пица содржи јајца па ѝ препорачал веганска салата наместо пицата, пишуваат Unilad.
Чинијата која ѝ била сервирана и која ја платила 9 евра за многу кратко време станала хит на интернет и го обиколила светот покревајќи многу дискусии околу вегетаријанството и веганството. 

Разочарана, девојката си ја изела порцијата домати и кромид, но не била задоволна. За Unilad изјавила дека покрај овој, вообичаено нема проблеми кога нарачува храна во ресторан бидејќи најчесто тие нудат многу опции и за вегани. 

 Кога Gabbie Javis, модна блогерка и нејзината сестра Џорџина од Лидс тргнале на вечера за време на нивниот летен одмор во Фуенгриола, нед

Поврзани вести