четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пет трикови за повеќе романтика во вашата врска

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доколку цела година сте биле зафатени со многу работни обврски, летото е идеален период за да пронајдете време за партнерот. Но, како да ја обновите вашата љубовна врска? Направете нешто спонтано – отпатувајте некаде заедно, појдете во паркот на пикник или организирајте ручек во вашиот омилен ресторан кој одамна не сте го посетиле.
Останете душевно споени – кога партнерите ќе го сведат љубовниот однос на рутина и автоматизам, тогаш врската полека почнува да тоне. Искористете го годишниот одмор за пружање поддршка, длабоки разговори, меѓусебно слушање и взаемно изразување на своите цели и соништа.
Останете телесно споени – вежбајте, играјте бадминтон, натпреварувајте се во игри за парови итн. Телесната поврзаност во било која активност ја одржува сексуалната искра во врската.
Откривајте заеднички интереси – направете свесен напор да се приближите до интересите на вашиот партнер, било да е тоа на поле на филм, музика, спорт, животни, патување или политика. Тоа е можност да научите нешто повеќе за неговите страсти во животот.
Откривајте посебни интереси – подеднакво е важно секој од вас да се бави и со нешто лично, во кое наоѓа слобода и независност. Времето поминато со вашето хоби е драгоцено, но истовремено тоа ќе ја подигне вредноста на вашите заеднички моменти.
 Направете нешто спонтано – отпатувајте некаде заедно, појдете во паркот на пикник или организирајте ручек во вашиот омилен ресторан кој

Поврзани вести