Еве како да ви биде попријатно спиењето во топлите денови

Сите го обожаваме летото заради летната облека и времето поминато на плажа или покрај базени.Но, не го сакаме заради жештината која не престанува дури и навечер, а тоа предизвикува да не може да спиеме пријатно.
За да не се будите во сред ноќ со испотени чаршафи, прочитајте ги овие 4 едноставни совети, кои можеби барем малку ќе ви помогнат да имате попријатен летен сон:
Истуширајте се пред спиење
Нема ништо поубаво од тоа да се истуширате со умерено ладна вода и веднаш потоа освежени да легнете во кревет. Тоа ја намалува температурата на телото и помага да го немате лепливото чувство на кожата.
Навлаки за перница од пријатни материјали
Покријте ја перницата со пријатна и лесна навлака од убав материјал, како што е свилата. Свилата е природен регулатор на температурата, нежна е за косата и ја штити кожата на лицето. Секако, можете да најдете и друг материјал кој ќе ви биде на вас пријатен.
Затворете ги прозорите и ролетните преку ден
Кога ќе се разбудите треба да ги отворите ролетните, бидејќи природната светлина му помага на телото да произведува витамин Д. Но, откако ќе се подготвите, пред да излезете од дома, затворете ги повторно за да не се собира топлината во домот.
Спијте сами
Без навреда на вашиот партнер, деца, милениче… но, кога има некој до вас во креветот, се зголемува топлината на телото. Секако, доколку не е возможно да спиете сами, барем обидете се да не сте премногу доближени еден до друг и секој да спие на своја страна. Испружете се целосно и не се допирајте.Но, не го сакаме заради жештината која не престанува дури и навечер, а тоа предизвикува да не може да спиеме пријатно.
За да не се будите в

Пронајдете не на следниве мрежи: