Картата за овој воз чини 10.000 долари: Еве каков луксуз добивате за тие пари

Супермодерниот јапонски воз „Suite Shiki-shima“ неодамна го имаше своето прво возење и тоа од Токио до островот Хокаидо, а луксузот во кој притоа уживале патниците е потполно неверојатен.Целиот ентериер е базиран на детали од традиционалната јапонска архитектура со модерни асиметрични кружни прозори и украси на тема дрвја и природа.

На патниците на располагање им е прецизна и брза услуга, келнери, собарки, но и пијанистка, која на прекрасниот ентериер со својата музика која ја изведува во живо, дава уште една специфична нота.

Возот е дизајн на Кен Окујама, првиот неиталијански дизајнер на Ферари.
Возот може да оди на два начини, или со помош на бензин или пак по пат на елктронските возни шини. Затоа во овој воз се ужива, а не се брза, најголемата брзина која може да ја достигне е 110 километри на час.Целиот ентериер е базиран на детали од традиционалната јапонска архитектура со модерни асиметрични кружни прозори и украси на тема дрвја и природа.

Пронајдете не на следниве мрежи: