четврток, 12 ноември 2026
Најново

Што се случува кога ќе голтнеме гума за џвакање?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На сите ни се случило несакајќи да голтнеме гума за џвакање, а митовите кои се шират за тоа што се случува потоа, како на пример – „ќе ти се залепат цревата“, неретко и претерано не загрижуваат.Гастроентерологот д-р Лиса Ганџху за Базфид открива што се точно се случува кога ќе голтнеме гума за џвакање и дали постои причина за загриженост.
– Нашиот дигестивен тракт е исклучително силен. Ако може да преработи парче месо, може и мастика. Кога тоа еднаш ќе влезе внатре, ќе излезе како и се останато. Не постои одреден временски период за преработка на мастиката, оти тоа зависи од човекот индивидуално, истакнува докторката и напомнува дека единствената разлика е во тоа што гумата за џвакање не се разградува целосно, поради нејзините својства.
Сепак, Ганџху препорачува тоа да не ни се случува често, бидејќи сепак, мастиката може да се заглави во хранопроводот и да настанат сериозни проблеми.Гастроентерологот д-р Лиса Ганџху за Базфид открива што се точно се случува кога ќе голтнеме гума за џвакање и дали постои причина за загриженост.

Поврзани вести