Матурската вечер на едно средно училиште во Филаделфија ќе му остане во вечно паметење до крајот на животот. Да споменеме дека имаше три партнерки и се возеше во Ламборгини, Ренџ Ровер и Ролс Ројс.На својата матурска вечер сте оделе возбудени, уредни и дотерани. Веројатно сте потрошиле поголема сума на пари и на крајот сте биле задоволно. Постојат и примери кога парите за такви случувања се трошат поради некое докажување, а не за потреба. Едно средно школо од Филаделфија смисли тематска матурска вечер, а темата беше Дубаи.
Џон Еден Џуниор се појави во друштво на дури три партнерки, промени и три модни комбинации, а шлаг на тортата беше возењето со екстравагандни автомобили како Ламборгини, Ренџ Ровер и Ролс Ројс. Но, она што на сите им остана во паметење е дека Џони донесе и камила и дури три тони песок.
-Прво мислев дека се ова е премногу, зошто инаку не сакам да бидам во центарот на вниманието. Но, се исплатеше, беше епски. Дојде и моето семејство и тоа е најважно. Мама е заслужна, изјави пресреќниот тинејџер.
Неговата мајка Саудиа издвоила дури 25 илјади долари за на саканиот син матурата да му остане во вечно сеќавање, а Џони средното училиште го завршил со просечна оцена 3,8 и играње кошарка за училишниот тим.
Корисниците на социјалните мрежи не можеа да останат имуни на ваквиот вид забава, а Саудиа се бранеше велејќи дека на неа не и било цел да навреди никого, туку на својот син да му поклони легендарна матурска вечер.
На својата матурска вечер сте оделе возбудени, уредни и дотерани. Веројатно сте потрошиле поголема сума на пари и на крајот сте биле задоволн