МУЗЕЈ НА ПРОМАШУВАЊА: Еве што може да видите во него

Во шведскиот град Хелсингборг денеска се отвора Музејот на промашувања, каде на едно место ќе се најдат многу производи кои не го наше патот до пазарот.
Купувачите очигледно не биле воодушевени со зелениот Хајнцовиот кечап, замрзнати лазањи од марката Колгејт, Кока-кола со вкус на кафе.

Поради тоа тие предмети, заедно со многу други, ќе се најдат во Музејот на промашувањата, кој го осмисли кустосот и клинички психолог Самуел Вест.
– Знаеме дека 80 до 90 отсто од иновативните производи не успеваат и никогаш нема да чуете за нив, не можете да ги видите, луѓето не зборуваат за тоа. Ако постои нешто што можеме да направиме, е да извлечеме поука од тие промашувања, рече тој.
Многу предмети во Музејот покажуваат обиди на компаниите да го диверсификуваат својот бренд.
Еден од таквите примери е Харли-Дејвидсон, познат производител на мотори, кој во средината на 90-тите години лансирал тоалетна вода за мажи, која ќе се најде на изложбата на неуспешни производи.
– Фановите ја мразеа. Тие правеа и новогодишни украси, барбики, разни работи со логото на Харли-Дејвидсон и со тоа го тривијализираа тој бренд, рече Вест.

На изложбата ќе се најде и социјалната игра на Доналд Трамп под наслов „Јас се вратив а ти си отпуштен“ од 90-тие години. Во оваа игра, своевидна копија на Монопол, играчите користат големи фигури означени со буквата „Т“ и доларите на Трамп за купување на недвижностите на Трамп.
Ќе бидат презентирани и високо-технолошки производи како очилата на Гугл, кои се, како што велат организаторите, направени пред своето време, што е случај и со уште некои технички иновации.
 
 Во шведскиот град Хелсингборг денеска се отвора Музејот на промашувања, каде на едно место ќе се најдат многу производи кои не го наше патот

Пронајдете не на следниве мрежи: