Свечено отворање на манифестацијата „Златен Гонг Скопје 2015“

Денеска, во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски присуствуваше на отворањето на 45. Меѓународен традиционален боксерски турнир „Златен Гонг Скопје 2015“, која ќе се одржува до 14 ноември.- Во календарот на бројните спортски и културни манифестации во Скопје по повод 13 Ноември, 45-от “Златен Гонг“ е лидер и според квалитетот на натпреварувачите низ долгогодишната историја, но и според фактот дека претставува една од најстарите и најафирмираните манифестации на ниво на Република Македонија, но и во регионот. Да потсетам дека нашиот “Златен Гонг“, според традицијата е на третото место во рамки на балканските и европските боксерски турнири, веднаш зад “Странџата“ во Република Бугарија и “Златната ракавица“ во Република Србија. Градот Скопје, заедно со Агенцијата за млади и спорт на РМ, е постојаниот организатор и покровител на турнирот, во соработка со Сојузот на Спортските федерации на Република Македонија и Боксерската федерација на РМ, жата градоначалникот Трајановски.
Но, отворањето на „Златен Гонг Скопје 2015“ се обрати и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасевски, кој изрази благодарност до сите досегашни организатори на оваа спортска манифестација, кои придонесоа „Златниот Гонг“ да прерасне во домашен спортски бренд од светски размери.
На почетокот на турнирот, посебна награда му беше врачена на првиот освојувач на „Златниот Гонг“ во далечната 1969 година, Звонимир Вуин, на кого му беше врачена плакета за особен придонес во развојот на боксот.
Традиционално на оваа спортска Манифестација, што се одржува во чест на Денот на ослободување на Скопје-13 Ноември, се доделуваат Златен гонг за најдобар боксер, пехар за најдобар техничар, пехар за најдобар тренер, пехар за најдобар судија, пехар за најдобар македонски и најдобар странски боксер.
Годинава во рамките на Меѓународниот традиционален боксерски турнир, ќе настапат 46 боксери од 9 земји од светот меѓу кои: Англија, Албанија, Словенија, Косово, Црна Гора, Србија, Романија, Велс, Босна и Херцеговина и Буграија, како и од Македонија.
Првиот „Златен гонг“ се одржа пред повеќе од четириесет години на иницијатива на легендарниот спортски работник Живко Дуковски, а во организација на Боксерскиот клуб „Скопје“ од Скопје. Првиот победник, далечната 1969-та беше Звонимир Вуин од Југославија. Досега ова престижно признание на една од најстарите спортски Манифестации го освоиле десет македонски боксери, меѓу кои и Аце Русевски, Реџеп Јакупи, Мухамед Алија, Примислав Димовски, Мумин Вели, Фатлум Жута, Пеџеп Реџеповски, Џевад Асанов, Хами Наси и Седат Керимов.
Град Скопје и оваа година го поддржува „Златниот Гонг“ со 200.000 денари.- Во календарот на бројните спортски и културни манифестации во Скопје по повод 13 Ноември, 45-от “Златен Гонг“ е лидер и според квалит

Пронајдете не на следниве мрежи: