Источен Петок – Балаклија – петокот по ВелигденПрвиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок.Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори.
Меѓу чудата на Пресвета Богородица има неколку што се поврзани со изворот во близина на Цариград. Во едно од овие чуда се вели дека еден војник по Име Лев еднаш минувал низ еден орман во близината на Цариград. Тамо нашол еден слеп човек којшто од жешкото сонце веќе бил премален од жед. Милозливиот Лев сакал да му помогне и го повел низ орманот со цел да најде вода и да го напои. Но бидејќи по подолго одење вода не нашле слепиот веќе не можел да стои на нозете. Лев го оставил и продолжил да бара вода. И кога веќе изгубил надеж го слушнал гласот на Пресвета Богородица: „Не се грижај Леве. Тува близу има вода при тебе. И напој тогова слепца, а после му омиј и очите, да познаеш сила моја. И ти да знаеш зашто има да бидеш цар. И тогаја да не заборавиш, тува да ми направиш црква, да седам у неја и да идат на таја церква кој сакаја помошт и да находат здравие на снагата и спасение на душата.“ Лев набргу нашол чешма, се напил од водата потоа го напоил и слепиот и му ги измил очите како што му рекла Пресвета Богородица. Слепиот веднаш прогледал. Лев навистина станал цар и направил црква на местото каде што прогледал слепиот и тој извор го нарекол Животодавен источник. Во тој извор имало риби и тука се случиле многу чуда и не само христијани туку и многу неверници добиле исцеление. И не само што болни оздравувале туку и мртви воскреснувале од таа вода.Во друго чудо, пак поврзано со Пресвета Богородица се вели дека кога царот Лев тешко се разболел и кога сите еќими во царството не можеле да го излекуваат царицата Теофана побарала помош од Пресвета Богородица и слушнала глас од небеса: „Не жали Теофано, денеска ќе да дојде билие лековито да оздрави мужа твоего.“ Набргу кај царицата дошла една калуѓерка што седела во црквата кај чудотворнаата вода и донесла од таа вода. Таа раскажувала дека додека метела во црквата го слушнала гласот на Богородица кој и велел да појде кај болниот цар и да однесе од животворната вода. „Кога станах од постељата и метех церквата Богордичина, и чух некој ми викна и ми рече: Атагие, земи скоро вода од мојо кладенец и отнеси на царо да пие и да престане на царицата таја жалост, она што ми вика со слзи“. Кога се напил од водата царот веднаш оздравел и заповедал „да учинат праздник радостен заради таја голема доброта што му даровала Пресветаја Боигородица, да биде слава неј, амин.“Во трето чудо пак, се раскажува дека водата од изворот Балаклија воскреснала мртовец кој веќе чртврти ден бил мртов како Лазар. Имено во ова чудо се раскажува дека некој богат човек од Солун тргнал со многу вера да пие од таа вода Богородичина и да и се поклони. Со себе носел многу пари, раздавал на сиромаси, но при патувањето по море тешко се разболел. Тогаш на гемиџијата му рекол дека очигледно има многу гревови и не е достоен да се поклони на црквата Богородичина. Уште му рекол, кога ќе умре да не го фрла во морето туку да во еден ковчег да го однесе кај црквата Богородичина и таму да го закопа. Му оставил сто жолтици, а другите што ќе останат да ги даде за душа на црквата. Така рекол и умрел. По три дена дошла гемијата во Цариград. Го изнесле од гемијата и им рекле на поповите да го отпеат по законот христијански. Откако го отпеале еден од поповите го отворил ковчегот и за чудо умрениот не смрдел како другите умрени. Тогаш свештеникот го посипал „крстовидно со земља по закон и говорил: Господња земља и прочаја“. Тогаш еден од гемиџиите заграбил од чудотворната вода и ја истурил врз мртовецот говорејќи. „О сиромаше, колку си жалил да пиеш од оваја свјатаја вода и не си се удостоил! Ами баре мртов сос неја да те посипам.“ Ја истурил водата врз мртвиот и тој веднаш оживел и станал славејќи ја и благодарејќи и на Пресвета Богородица. Сите се чуделе а најповеќе гемиџиите кои виделе и како умрел и како оживел. Човекот останал тука да и служи на Богородица како калуѓер, а на тие што го прашувале што видел на оној свет им велел: „Спасајтесја братија!“. И според македонските народни преданија изворот Балаклија, поврзан со името на Пресвета Богородица, се наоѓал во близината на Цариград и во него имало златни риби. Според преданието што го запишал М. Цепенков чуден настан се случил во времето кога царувал цар Костадин. „Кога царуал цар Костадин на Стамбол, се вели во ова предание, Турците беа дошле близу до Стамбол и од ден на ден се туку се приближуале за да влезат во него. Една вечер, беше му пржеле риби на цар Костадин и беше му рекол некој покрај него, што седел:- Честити царе, ме страв, Турците да не ни го земат Стамболот.- Ако станат рибиве од тавава – му рекол царот – да оживеат и да појдат во најазмото, тогај и Турците ќе ни го земат Стамбол.За чудо големо, уште не беше дорекол зборот и рипнале рибите, та пошле во најазмото и оттогај му нарекле името: „Бал'клија“. Велат, оти уште имало од тие риби живи, само една умрела и со патрико облечен ја закопале, како чоек што се закопуат некоаш за чес да и сторат.“ се вели во ова предание запишано од Марко Цепенков.Според друго предание, пак, запишано од Петар Манџуков, „Тоа било кога Турците го опсадувале Цариград. Не еднаш овој град бил опсадуван од Варварите, но ѕидовите на тврдините биле јаки, високи и дебели, одбраната им била добро организирана и на крајот секогаш Варварите биле принудувани да ја повлечат опсадата. Цариград бил опсаден и сега, но тоа не ги вознемирувано многу неговите жители, убедени, дека и сега опсадата ќе заврши со повлекување, како и во минатото. Еден калуѓер од блискиот манастир, голем гастроном, пржел риба кај планината. Кај него дотрчал еден војник од одбраната на тврдината и извикал:- Спасувај се! Турците го пробија ѕидот на тврдината и навлегоа во градот!- Ти пријателе ми изгледаш многу преплашен! Турците да го пробијат ѕидот на тврдината? – Тоа е невозможно! Тоа е исто како да поверувам, дека еве оваа пржена риба ќе скокне од тавата во водата и ќе почне да плива!И се случило чудо: испржените од едната страна риби, скокнале од тавата во водата и почнале да пливаат во неа. Калуѓерот поведувал дека Цариград паднал. А полу пржените риби се намножиле во ајазмото. Од таа причина рибите во ајазмото од едната страна се црни, а од другата – светли.“ се раскажува во ова предание запишано од Петар Манџуков.Во минатото, како што пишува Гале Фидановски, овој празник свечено се празнувал во селото Зубовце, Гостиварско. Во црквата Света Марија се служела утринска божествена литургија. Потоа свештеникот и верниците оделе во месноста Стражник и застанувале кај големиот камен и кај стариот брест. Тука се пееле песни и се играле ора, а потоа сите се враќале во селото, каде што општата веселба траела до доцна попладнето. Адет било, на овој ден, свештеникот да го освети лебното жито. Претставници на сите семејства со чинии во кои имало брашно, пченица или пченка застанувале на едно место каде што свештеникот го осветувал житото со надеж дека претстојната година ќе биде бериќетна. (Подготви Марко Китевски)Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник п