НАРОДНИ ВЕРУВАЊА ЗА МЛАДЕНЦИ: Еве што треба да правите на овој празник!

Младенци е празник на кои се прават многу обичаи. На овој ден жените стануваат рано и месат 40 лепчиња кои се нарекуваат младенчиња и симболизираат долг, среќен и сладок живот.Денес е православниот празник Младенци, а него го прославуваат сопружниците кои се во првата година од бракот, поточно оние кои се венчале после 22 март претходната година. На овој ден младенците во својот дом примаат гости кои им носат подароци а младите домаќинки покажуваат колку се умешни и способни.
Младенци се посветени на споменот на страдањето на Светите 40 војници, кои 320та година, за време на царота Ликиниј кој владеел со источниот дел од Римското царство заедно со Диоклецијан, тие биле изведени пред суд заради нивната вера, а потоа ставени во замрзнато езеро и оставени таму преку целата ноќ. Кога следното утро војсководецот ги нашол живи, ги погубил и нивните тела ги фрлил во водата за да останат непогребани. Но, три дена подоцна локалниот Севастиски епископ ги извадил моштите од водата и чесно ги погребал.
Младенци е празник на кои се прават многу обичаи. На овој ден жените стануваат рано и месат 40 лепчиња кои се нарекуваат младенчиња и симболизираат долг, среќен и сладок живот. Младенчињата се премачкуваат со мед, домаќинките ги нудат на деца и сите кои ќе им дојдат во домот пред пладне.
Посетувањето на младенците и донесување на подароци во нивниот дом, е обичај на модерните времиња, кој настана во градот, но и селата многу брзо го прифатија. Се смета дека на Младенци треба да дојдат сите оние кои биле на свадбата, но сепак на тој ден доаѓаат само најблиските од фамилијата и пријателите.

 
Инаку Младенци секогаш паѓаат за време на постите, така што и храната која се подготвува тој ден мора да биде посна поради здравје и напредок на децата на младите сопружници.
Овa e православен празник кој симболизира љубов, среќа и сладок живот, а во селото Велики Извор, се чува рецептот како се прават овие младенчиња.
Денес е православниот празник Младенци, а него го прославуваат сопружниците кои се во првата година од бракот, поточно оние кои се венчале после 22

Пронајдете не на следниве мрежи: