Дали на кечапот местото му е во фрижидер или не?

Фрижидерите денес ни се преполни со храна која може да се чува и во кујнските ормари. Луѓето во минатото чувале путер,јајца и сосови во ормарот и не се разболеле. Зошто тогаш инсистираме тие намирници да ги држиме денес на ниски температури?Еден ланец на британски супермаркети започнал да го чува кечапот и на рафтовите и во фрижидерите како би ги задоволил сите муштерии откако анкетата која е извршена на 2 600 испитаници покажа дека 54% од луѓето сметаат дека кечапот треба да се чува во кујнските ормари,а 46% во фрижидер. Потоа на друштвените мрежи се разви остра дебата на оние кои го сакаат разладен кечапот со оние кои го чуваат на собна температура.
Која од двете страни е во право се обидоа да дознаат од историчарот на исхрана Поли Расен која за ББЦ истакнува дека денешната опседнатост со разладувањето на храната е бизарна.Како што вели, многу популарни брендови на кечап и останати сосеви постоеле и пред домаќинствата во Британија да поседуваат фрижидер.
„Сосовите беа потполни спасители за домаќинките – додаваа вкус на јадењата кои беа без вкус и монотони”, објаснува др. Расел и истакнува дека нивото на киселоста,солта и шеќерот покажуваат дека микробиолошки е потполно безбедно да се чуваат на собна температура и тоа важи и ден денес.
Предупредува дека денес постои зголемен страв во врска со безбедноста на храната, поради што често во фрижидерот ставаме храна на која не и е таму местото.Еден ланец на британски супермаркети започнал да го чува кечапот и на рафтовите и во фрижидерите како би ги задоволил сите муштерии откако анкетата

Пронајдете не на следниве мрежи: