Утре е најзначајниот и со обичаи најбогат христијански празник. Иако Бадник, пред се, се смета за христијански празник, народот го прославувал на начин кој тешко може да се окарактеризира како христијански. Повеќето бадникарски и божиќни обичаи се втемелени на сознанија дека тие денови почнува нова година и на верувања дека баш тогаш се одлучува за судбината на куќата и домаќините во претстојниот период.Речиси сите магиски или култни работи за тие празници биле инспирирани од тежината да се обезбеди среќа и напредок во годината.Еве некои од тие стари народни обичаи кои и до ден денес некаде се почитуваат:
На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе починуваат без предзнак или невиденоНе смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозеНа Бадник ништо не треба да се позајмува, а она што е претходно позајмено, тоа се бара назад, бидејќи не е убаво она што и припаѓа на куќата да биде надвор од неа за БожикАко на Бадник биде облачно, ќе биде родна годинаАко на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.Речиси сите магиски или култни работи за тие празници биле инспирирани од тежината да се обезбеди среќа и напредок во годината.Еве некои од т