Револуционерните капсули за вагина кои во себе содржат THC, активна супстанца на марихуаната, многу ќе им ги олеснат менструалните потешкотии на жените, пишува „Мирор“.Капсулите со име Foria Relief се со големина на тампон. Благодарение на активната супстанца, ги опуштаат мускулите и ги намалуваат болните менструални грчеви.
Ако оваа вест ви се допадна и од некои други причини, престанете да мечтаете – нивниот производител вели дека од нив нема да се чувствувате „напушено“.
Капсулите засега се достапни само во САД.
Истата компанија порано произведуваше лубриканти со марихуана за да „им го зголеми сексуалното уживање на жените“.
„Ова медицинско растение има долга историја на употреба за олеснување на менструални грчеви. Матката содржи повеќе рецептори за канабиноидите од било кое друго тело, освен мозокот, па ова е логичен избор“ – изјавил основачот на компанијата Метју Герсон.
Со оглед на тоа што нема нус-појави, 84 отсто од жените коишто страдаат од болка во „оние денови“ би можеле да најдат спас во овие вагиналети.
Капсулите засега им се достапни само на среќнички во американските држави Калифорнија и Колорадо.Капсулите со име Foria Relief се со големина на тампон. Благодарение на активната супстанца, ги опуштаат мускулите и ги намалуваат болните менструа